Диетална салата од спанаќ и јаготки со сладок прелив

[pro_ad_display_adzone id=”11886″ flyin=”1″ flyin_position=”bottom-center” flyin_delay=”5″]Комбинацијата од свежи јаготки и свеж спанаќ со сладок сос е неодолива. Дегустирајте ја оваа пролетна салата додека трае сезоната на јаготки.

deg 3

 

Од намирници потребно е – 1 филџан исечкани јаготки, 300 грама свеж спанаќ, половина главица кромид, 70 грама меко сирење, ¼ филџан суви брусници (може, но не мора, наместо брусници може и шака црни маслинки), ½ филџан исечкани ореви (може, но не мора, наместо ореви може и лешници).

За преливот потребно е – 1/3 филџан маслиново масло, 2 лажици балзамик оцет, 1 лажица сенф, 2 лажици мед.

Подготовка

Измијте го спанаќот и јаготките, потоа јаготките исечкајте ги. Исечкајте ги и оревите на ситни парченца.

Листовите спанаќ помешани со исечканите јаготки ставете ги во длабока чинија за сервирање на салатата. Додадете го кромидот исечкан на тенки кругчиња, сирењето исечканото на ситни коцки (мож и здробено), брусниците или маслинките, на крајот и исечканите ореви односно лешници.

Во меѓувреме напревете го сосот, помешајте ги заедно сите намирници за правење на сос додека смесата не стане компактна.

На крајот прелијте ја салатата со подготвениот сладок сос.

Послужете со десертно вино или вино од овошје.

deg 1