10 трикови од експертите против вечерната криза за храна

Негативните емоции и стресот се најчести причинители за зголемен апетит, но во „кризните“ моменти никако не треба да се посегнува за храна. Освен што ќе внесете непотребни калории, ќе стекнете лоша навика нервозата да ја потиснувате со храна. Еве неколку трикови кои ќе ви помогнат да го елиминирате гладот…

 

1. Пијте вода. Доколку испиете чаша вода, после десетина минути чувството на глад ќе се намали. Меѓутоа, избегнувајте да консумирате сокови, чаеви и вода за време на оброкот, бидејќи на тој начин ќе го намалите дејството на ензимите и киселините кои учествуваат во варењето, па за брзо време после оброкот ќе почувствувате глад.

 

2. Јадете зелен зеленчук. Продуктите како што се зелената салата ,зелка, кељ или брокула имаат многу малку калории, поради што се многу посакувани на трпезата.

 

3.Изедете јаболко. Наместо да посегнете по слатки земете јаболко, бидејќи тоа е едно од најефикасните продукти за „итно гаснење на апетитот“. Ова овошје дава чувство на ситост, а не содржи многу калории. Јаболката ефикасно го сопира гладот бидејќи се богати со растителни влакна, кои го регулираат лачењето на хормоните задолжени за апетит .Јаболката содржат природни овошни шеќери кои го одржуваат оптималното ниво на гликоза во крвта и ги спречуваат нападите на глад.

 

4. Банана за ужина. Ова овошје содржи материи гои го регулираат варењето на храната и имаат ниска содржина на маснотии(100 гр. банана содржи 0,5% масти), но моментално создава чувство на ситост, па е идеална за намалување на гладот. Содржи само 90 калории и сварливи јаглени хидрати, а притоа е одличен извор на калиум и други минерали кои помагаат за нормално функционирање на нервите и мускулите.

 

6. Џвакајте долго и полека. Ова е најчестиот совет кој ќе го слушнете од нутриционистите, а тоа не е без причина. Доколку јадете полека и добро го соџвакате секој залак, ќе изедете помало количество на храна, пред вашиот мозок да ја регистрира ситоста.

 

7. Не го избегнувајте појадокот. Утринскиот оброк ќе ви ја обезбеди енергијата за напорното утро. Покрај тоа , пред ручекот ќе бидете помалку гладни и ќе изедете помалку храна. Најдобро е да го започнете денот со мусли во комбинација со јогурт или овошен сок, или со сендвич од интегрален леб, риба или пилешко и сезонски зеленчук. Можете да користите и намаз како што е павлака со малку масти, тахинија (паста од сусам), хумус (намаз од леблебија со зачини), а може и малку покалорично како што е путерот од кикирики. Користете и разни видови никулци кои се одличен извор на минерали за цел ден. За сладок појадок можете да користите и мед и мармалад со намалена содржина на шеќер (на пример од смокви), плочки од интегрални житарки, портокали, банани, свежи или суви кајсии и сливи, суви смокви, бадеми и јаткасто овошје. Избегнувајте брза храна, печива од бело брашно и индустриски производи со адитиви.

 

8. Не јадете „од нога“. Оброците земајте ги исклучиво седејќи на стол ,бидејќи полесно ќе се контролирате и вашиот мозок на време ќе добие информација сека сте доволно сити. Никогаш не јадете стоејќи крај фрижидерот или до работната маса во кујната, бидејќи ќе се доведете до искушение да земете уште некој производ, кој не сте планирале да го изедете. Од истата причина избегнувајте да јадете додека гледате телевизија , работите на компјутер или читате весник.

 

9. Консумирајте храна богата со витамини. Житарки, грав, грашок, боранија, пченка, лен, сусам и сличната храна предизвикуваат жед, а поголемото количество вода го подобрува варењето, го забрзува метаболизмот и предизвикува подолго чувство на ситост.

 

10. Спијте барем шест часа. Верувале или не , но и спиењето влијае на чувството на ситост. Недостатокот од сон влијае во намалувањето на лептинот, протеински хормон во организмот, кој ни дава сигнал кога е задоволено чувството на глад. Потребно е најмалку шест часа квалитетен сон.