Диетален чипс од морков со вкус на Доритос

Во еден сад изрендајте го морковот на тркалца или надолжно, на ленти. Додајте маслиново масло и разни зачини по вкус (сол, чили во прав, рузмарин и сл).

Измешајте ги убаво состојките, а потоа секое парче од морковот наредете го во тепсија обложена со хартија.

Печете на 200 степени околу 10-20 минути.

Уживајте & грицкајте од Вашиот нов омилен чипс!