Детето ви кажува се' преку неговата игра

Кога во едно семејство постои проблем, разговорот е повеќе од потребен за да се најде решение за тој проблем, но малите деца немаат развиени јазични вештини за да ги изразат нивните чувства, но сепак, наоѓаат начин да се изразат преку игра.

Како што децата растат и осознаваат, нивните игри стануваат основа за креативност во уметноста или музиката или пак, основа за изразување на себеси. На овој начин, тие си помагаат себеси во справувањето со чувствата. Децата, чии родители се разделени може да бидат многу нервозни, бидејќи не се чувствуваат безбедно.

Преку игра, детето си поставува две куќи на различи места и по една кукла или предмет во секоја куќа, што е одраз на неговото осознавање и прифаќање на реалноста. Исто така, децата кои го промениле местото на живеење, тешко ја прифаќаат далечината од непознатото и таа вознемиреност ја изразуваат преку игра.  Колку и да е комплицирана ситуацијата, возрасните не треба да се мешаат во детската игра, но треба да се блиску до детето и да покажат разбирање.