Десерти без печење … Чоколадни топчиња со ликер

Ова е оној десерт што никого не може да го остави рамнодушен. Толку едноставен, лесен и премногу вкусен.

Потребни состојки

175 мл слатка павлака со 45% масленост
300 г темно чоколадо со над 60% чоколадна маса, растопено
30 г несолен путер, растопен
3 супени лажици ликер по ваш вкус
незасладено какао
Начин на подготовка:

СВРТИ ГО ТРКАЛОТО НА СРЕЌА И ОСВОЈ ПОПУСТ ДО 40% ПОПУСТ ВО АЛФАЛАБ, СЕ ШТО ТРЕБА ДА НАПРАВИТЕ Е ДА ПОЧЕКАТЕ 30 СЕКУНДИ ЗА ДА ВИ СЕ ПОЈАВИ ТРКАЛОТО ЗА ПОПУСТ.

ЗА ДА ЗАПОЧНЕТЕ КЛИКНЕТЕ ОВДЕ

Во сад ставете ја павлаката да поврие. Претходно растопеното чоколадо ставете го во павлаката. Потоа, ставете го и растопениот путер. Додадете го ликерот. Измешајте ја целата смеса. Готовата смеса претурете ја во тавче и ставете го тавчето во замрзнувач 3 часа. По три часа, извадете го тавчето со смесата. Со лажица почнете да вадите топчиња. Обликувајте ги во рака како тркалца и валкајте ги во какао. Чоколадните топчиња ставете ги во хартиени калапи за да изгледаат поубаво (може и без нив). Најдобро е да се служат на собна температура.