Причините за депресија се многубројни и различни, сите луѓе се различни и не секој од нас реагира исто во одредена ситуација. Понекогаш многу големо влијание има средината во која живееме, луѓето со кои сме опкружени, дали тие се негативни и во која мера, понатаму, има многу луѓе кои страдаат од промена на времето и тоа буди негативни чувства, почеток на блага депресија. Љубовните врски се уште една причина за развивање депресивни чувства, невозвратената љубов често лошо влијае врз луѓето, или пак болното раскинување…Смрт на блиска личност, или во поблиското семејство исто така знае да остави траума за цел живот и има луѓе кои многу тешко се справуваат со загубата. Некогаш едноставно позитивни мисли, пријатели, семејство, активности, планирање и шетање не е доволно да се победи оваа состојба. Традиционалните антидепресиви кај многу луѓе предизвикуваат зависност и ја влошуваат општата состојба, па затоа денеска ќе зборуваме за еден природен лек, природен антидепресив, кој според многу истражувања и студии го подобрува расположението кај луѓето. Станува збор за Пасифлора, сте слушнале ли за ова неверојатно чудотворно цветче? Јас, пред да истражувам за депресија, анксионзност и депресивни чувства, искрено немав слушнато, но сега дури и се уверив во моќта на овој цвет. Прочитајте што имаме да ви кажеме за Пасифлората. Пасифлората припаѓа на семејството на брзорастечки винови лози кои најчесто се среќаваат низ Америка и повремено во Југоисточна Азија или Австралија. Традиционално пасифлората се користела за лекување на различни состојби како рани, проблеми со ушите и проблеми со црниот дроб. Но придобивките за справување со анксиозност, несоница, депресија…се неверојатни.
Пасифлората е нежен седатив со смирувачко дејство. Ја ослободува мускулната тензија без да влијае на респираторната стапка или психолошката функција, за разлика од сите други седативи.
Релаксатор на вашиот ум и мускулите
Пасифлората ја ублажува несоницата и анксиозноста. Ова соединение ја намалува активноста на мозокот, при што помага за да се опуштите и да спиете подобро. Се смета дека смирувачката способност на овој цвет е зголеменото ослободување на специфичниот мозочен невротрансмитер кој го стимулира ослободувањето на киселина, позната за намалување на анксиозноста и подобрување на расположението. Мускулите се релаксирани, со што се употребува при епилепсија и други напади.
Природен антидепресив
Билка, која е борец против депресијата. Пасифлората придонесува за зголемување на антидепресивните ефекти на кантарион.
Стрес и анксиозност
Пасифлората се користи за борба против нервоза, вознемиреност и притисок. За разлика од диазепамот на пример, ова растение не предизвикува поспаност или недостаток на енергија. Пасифлората е одлична за анксиозно растројство.