Жените кои пијат црно вино, не само што го намалуваат ризикот од срцеви заболувања, туку и влијаат на намалување на дебелеењето. Впрочем, на основа на испитувањата од научници во болница во Бостон ( Bringham and Women’s Hospital ), мала и умерена употреба на алкохолот, влијае на намалување на струкот кај поубавиот пол. Резултатите од ова испитување неодамна беа објавени во „Архивите на интерната медицина“.
Иако најдобри резултати од сите алкохолни пијалаци дава црното вино, се покажало дека и пивото, белото вино и жестоките пијалаци исто така имаат влијание на намалувањето на телесната маса. Доктор Лу Ванг од тимот за превентивна медицина во Бостон, тврди дека средовечните и постарите жени со просечна тежина, а кои консумирале црно вино, многу полесно ја одржуваат својата телесна маса за разлика од оние кои не ги консумираат алкохолни пијалаци. Некои поранешни студии покажале дека умерена употреба на одредени алкохолни пијалаци, може да имаат позитивни ефекти на човечкиот организам, но ова е прво истражување во кое се употребува алкохолот како фактор за намалување на телесната тежина или барем да ја задржи истата.
За целите на нивното истражување, научниците истовремено следеле 20000 средовечни жени или во позрелите години од животот. Околу 38 % од жените не консумирале алкохол, додека 33 % земале помалку од 5 гр. алкохол на ден. Околу 15 % земале малку поголеми количества, 15 гр. дневно, а само 6 % од жените консумирале преку 30 гр. во 24 часа. За да ви биде појасно, 12 унци пиво (3,54 дл) содржи 11, еден жесток пијалак, како на пример виски, содржи околу 14 гр. алкохол, а 5 унци (1,47 дл) на црно вино само 15 – 16 грама.
Во период од 13 години, иако сите жени добиле на тежина, оние кои консумирале умерени количества алкохол, имале помалку килограми и се со помал ризик од дебелеење од останатите учесници во испитувањето. Резултатите се потврдени, дури и по направените анализи на начин на живот и исхрана на жените кои можеле да влијаат на зголемување на телесната маса, на тој начин, докажувајќи уште еднаш дека алкохолот несомнено влијае на губење на тежината. На пример, жените кои пиеле повеќе алкохол од почеток, биле полесни, физички поактивни, често биле и активни пушачи, но и покрај се, резултатите повторно останале непроменети.
Жените, пак, кои консумирале 30 гр. алкохол на ден, добиле околу 7 кг. дополнителна телесна маса, додека жените кои не пиеле воопшто, зголемувале и во просек по 16 кг. Во текот на целото истражување, дури 41 % од жените станувале прекумерно потешки или дебели, но кај оние кои консумирале од 15 – 30 грама алкохол на ден, се покажала помала веројатност за дебелеење
Сепак, во овој случај не била препорачана употреба на алкохол. Во својата студија тие навеле : „Земајќи ги во предвид потенцијалните медицински и психолошки проблеми кои се поврзани со употреба на алкохол, секој би требало да добие совет или препорака од својот лекар, како да консумира алкохол, на основа на прецизни истражувања и анамнеза, со цел да се исклучат сите евентуални компликации. Целта е неколку чаши вино да имаат позитивно влијание на организмот“. Началникот на одделението за превентивна медицина на крајот предупредува дека оваа спроведена студија, никако не е потстрек за луѓето да пијат алкохол, ниту за луѓе со зголемена тежина да посегнат по алкохолот, со цел да намалат тежина, но признава дека самите биле изненадени со резултатите на истражувањето.
Се разбира, уште доста податоци и истражувања се потребни за да се утврди конечно како женскиот организам го обработува алкохолот и другите пијалаци и како и кога, всушност, калориите од алкохолот се припојуваат во организмот. Една од лекарките во тимот има прилично логично објаснување за резултатите од испитувањето : „Веројатно е во прашање комбинација на психолошки, метаболички и промените на однесување на личноста која консумирала алкохол во текот на денот“.
Тоа што за вечера ќе се напиете чаша вино или од време на време ќе испиете некој пијалак, не може озбилно да му наштети на вашиот организам, така што се се сведува на најбитното, рамнотежа помеѓу физичката и здравата исхрана ќе му овозможите на својот организам, оптимални количества кои му се потребни за нормално и здраво функционирање.