Црниот дроб може да биде болен и ако не пиете алкохол

Консумирањето алкохол не е единствената причина поради која може да имаш проблеми со црниот дроб, туку причината за проблемот може да лежи и во претераното уживање во храната.

До проблемот доаѓа оти се акумулираат маснотии во црниот дроб, кој би требало секојдневно да го чисти организмот од штетните материи кои ги внесувш. Се што внесуваш, од храна и пијалаци, па се до одредени лекови, се минува низ твојот црн дроб кој е заслужен за здравјето и одржување на имунитетот на организмот. Во случај да дојде до пореметена функција на црниот дроб, може да се развие болест чија зачестеност и компликации стануваат алармантни.

Болеста неалкохолен замастен црн дроб е најчеста хронична болест со која се среќава западната цивилизација, а таа започнува токму со акумулирање на масти во црниот дроб, иако лицето не консумира алкохол. Таа се дели во две подгрупи: неалкохолен црн дроб и неалкохолен стеатохепатитис.

Втората подгрупа е поагресивна форма на болеста , а тоа го потврдува и статистиката која покажува дека во тек на 10 години, околу 20 проценти од пациентите со оваа дијагноза ќе развијат цироза на црниот дроб, а 10 проценти завршуваат фатално.

“Болеста на неалкохолен замастен црн дроб е причина за дури 75 проценти од хроничните болести на црниот дроб, а особено загрижува фактот дека е се почеста причина за хронични болести на црниот дроб кај децата. Ако не се лекува, пред се со промена на прехранбените навики и нездравиот стил на живот, оваа болест може да стане растечки проблем кој може да предизивка сериозно оштетување на црниот дроб и да ги влоши останатите форми на хронично заболување на овој орган“, истакнуваат гастроентеролозите.

Болеста најчесто се јавува на возраст од 40 до 50 години, еднакво кај двата пола, додека во помладите години е почеста кај девојчињата. Лекарите како ризик фактори на болеста ги набројуваат дебелината, шеќерната болеста тип 2, пореметување на липидите и висок крвен притисок.

Симптомите на веќе изразените проблеми со црниот дроб се замор, слабост и тапа болка под десното ребро, но повеќето лица со нелакохолен замастен црн дроб немаат никакви симптоми. Исто така, зголемениот црн дроб се евидентира кај 20 проценти од болни во напредната фаза на болеста.

Лекарите ја истакнуваат важноста на промена на исхраната, како и физичката активност на влијанието на ризик факторите за развој на болеста. Пред се, потребно постепено да се регулира телесната тежина, оти наглото слабеење може да ја влоши болеста. Потребна е физичка активност најмалку 30 минути во денот. Покрај интервенции во исхраната, лекарите советуваат и земање на природни додатоци, како артичока и омега-3 масни киселини, кои се покажале како корисни за зачувување на здравјето на црниот дроб.

Погрижи се за сопственото здравје! Нарачај Nature Essential – Артичока!

Продажни места на Nature Essential – Артичока:
EUROFARM Аптеки, Виола Аптеки, Галениум Аптеки, dm-дрогерии, COSMO-дрогерии и сите подобро снабдени аптеки.

Направете брза онлајн нарачка:
https://alfalab.mk/proizvodi/articoka

Телефон за нарачка : (02) 3218-821
(Секој работен ден од 8:30 до 15:30 часот)
Достава до вашата домашна адреса