Антиоксидантите може да помогнат кај машката неплодност. Новите сознанија за оплодувањето, покажуваат дека брачните парови кои се трудат да имаат бебе, треба да го зголемат внесот на антиоксиданси, како што се витаминот Е и цинкот.
Истражувачите се фокусираа на мажите кои се суб-фертилни и открија дека оние мажи кои земаат антиоксиданси како суплементи, имаат четири пати поголеми шанси да ја забременат својата партнерка, отколку оние што не ги внесуваат.
Суб-фертилноста афектира еден од дваесет мажи и е одговорна за половина од случаите на задоцнето оплодување. Дури во 80% од случаите, се смета дека одговорот за намалената способност за оплодување на мажите лежи во оксидативниот стрес на сперматозоидите, кој го намалува нивниот број и квалитет.
Оралните суплементи со антиоксиданси во својот состав, може да ги зголемат шансите за оплодување, вели главниот истражувач Др. Мариан Шавел од Новозеландскиот Универзитет во Окланд.
За да дојде до овие заклучоци, Др. Мариан и нејзиниот тим на лекари разгледувале 34 студии кои вклучувале 3000 брачни парови кои биле третирани за неплодност. Во секоја од студиите било истражувано влијанието на еден или повеќе антиоксиданти.
Базирано на 96 бремености од 964 парови во 15 студии, истражувачите откриле дека користењето на антиоксиданси од страна на мажот, значително ги зголемува шансите за оплодување.
Сепак, Др. Марк Сигман од Браун Универзитетот, кој не бил вклучен во овие истражувања, изјавил за Ројтерс дека откритијата за зголемена рата на живородени деца при внесување на антиоксиданси било базирано само на 20 породувања, кој е релативно мал број. Др. Сигман, чии истражувања не покажаа подобрување во квалитетот на спермата со внесување на антиоксидантот карнитин, бил многу претпазлив во објавувањето на резултатите поврзани со оваа проблематика.
И Др.Сигман и Др. Шавел, советуваат дека брачните парови не треба да се потпираат на антиоксидантно дејство за да го решат проблемот со неплодноста. Иако некои суплементи докажуваат ефикасност, потребни се уште испитувања за да се открие кои брачни парови би имале овие специфична корист од ова.