Коренот на целер изобилува со минерали, особено со калиум, натриум и калциум, така што е незаменлив во борба со остеопорозата. Бидејќи е ефикасен природен диуретик, се користи за чистење на организмот и како помошно средство во лечење на ревма, згрутчување на крвта, артритис, воспаление на уринарните патишта…
Го намалува крвниот притисок и го регулира нивото на холестерол, па затоа е ефикасен во превенција на кардиоваскуларните заболувања. Се користат коренот и младите листови, а има широка примена во готвењето, во супи, салати, варива и сосови, дури и во колачи.
Совет : Доколку сакате да го намалите апетитот, пред оброкот грицкајте корен од целер.