Брусницата, уништувач на бактериите Eшерихија коли и Хеликобактер пилори

Ретко која билка има плодови како брусницата, која е природен антибиотик. Плодовите се богати со различни минерали, витамин А, витамин Ц, како и билни влакна. Црвената тврда брусница  има киселкаст вкус поради богатото количество на витамин Ц.

Освен тоа брусницата како лековита билка е позната веќе многу одамна.
Од листовите и плодот се прават лековити чаеви, во свеж облик од неа се прават сокови, плодовите можеме да ги чуваме замрзнати или да ги сушиме, а однив можеме да припремиме џемови и вкусни намази и разноврсни слатки.

Со брусницата внесена во телото  ги уништуваме штетните бактерии и габите. Брусницата може да спречи појава на уринарниот тракт, поготово кога станува збор за бактеријата ешерихија коли, која е многу отпорна на антибиотици.

Исто така уништувачки делува на бактеријата хеликобактер пилори, која предизвикува чир на желудник и ги намалува појавите на болестите на забите и непцата. Брусницата го намалува и стресот и многу е значајна за превенција кај кардиоваскуларните болести ( срце и крвни садови ).