Брускети со домати

Искористете ја сезоната на домати за да подготвите вкусна и свежа италијанска закуска. Овој брз и лесен рецепт ќе му се допадне на целото семејство, а одличен е и за ненајавени гости – ем вкусно, ем убаво за око.

Потребно е:

6 шери домати

100 гр излупени домати

3 чешни лук

Малку оцет Балсамико

Малку свеж босилек

Маслиново масло

Сол

Мелен црн бибер

1 француски багет

250 гр моцарела сирење

 Подготовка:

Исечкајте ги шери доматите и лукот. Потоа измешајте ги во еден голем сад заедно со излупените домати, маслиновото масло, сол, бибер, оцет и босилек. Оставете ја смесата да отстои десетина минути.

Исечете го багетот на парчиња со дебелина од 2 см. Наредете ги во тавче и стоплете ги во рерна додека да поцрвенат. Потоа, рамномерно распределете ја смесата со домати на секое парче и посипете со нарендана моцарела. Тавата вратете ја во рерна и пoчекајте уште 5 минути, додека да се стопи моцарелата.