Симптоми на анемија? Слабокрвност? Ние имаме решение…Победете ја анемијата со Bioferril

Слабокрвност или анемија е една од најчестите пореметувања на крвта, а воедно и најчеста болест. Може да настане од недостаток на клучни витамини и минерали во телото. Погледнете кои се тие и каде ги има.

Dr. Viton Bioferril изобилува со:
Железо – анемијата предизвикана од недостиг на железо се појавува кога во крвта има недостиг на здрави црвени крвни зрнца кои му даваат на телото енергија и здрав изглед на кожата. Без железо телото не може да произведува хемоглобин. Во таков случај, кислородот не се разнесува доволно до сите клетки на телото и се појавува замор, истоштеност, слабост и блед тен на кожата. 

Б1 (тиамин) – значаен е за создавањето на енергија во телото. Влијае и врз работата на нервниот систем, срцето и другите мускули. Како и другите Б витамини, го зголемува апетитот и ја спречува анемијата. Недостаток на витамин Б1 во телото може да предизвика пореметување во синтезата на некои амино киселини  кои служат како невротрансмитери. Невротрансмитерите ги  пренесуваат сите пораки кои ни дозволуваат да чувствуваме емоции или допир, што мислиме, да чувствуваме глад, жед, итн.

Б3 (ниацин) –  ја подобрува циркулацијата на крвта и го намалува нивото на лош холестерол. Исто така помага и во одржувањето на здрава кожа.

Б5 (пантотенска киселина) – значаен е за одржување на здрава кожа, влијае врз работата на нервниот систем и помага при стрес. 

Б6 – помага во лачењето серотонин и допамин. Во таа насока, придонесува за подобрување на расположението,а недостатокот од него предизвикува депресија, проблеми со кожата, висок крвен притисок  и анемија. Витаминот Б6 ја поддржува нормалната функција на нервниот систем, активно учествува во формирањето на црвени крвни зрнца, ублажува мачнина, го штити организмот од кожни заболувања и од грчеви. Исто така е неопходен за потполна апсорпција на витаминот Б12.

Б7 (биотин) – помага во балансирање на шеќерот во крвта и го чува здравјето на кожата. Тој исто така игра важна улога и во метаболизмот на шеќерите и мастите и е клучен за градење здрави масти на кожата. Недостатокот од овој витамин предизвикува анемија и пад на косата.

Б9 (фолна киселина) – учествува како коензим во различни биохемиски реакции во организмот. Мегалобластната анемија предизвикана од дефицит на фолна киселина се должи на нарушувања во процесот на создавање на „здрави” еритроцити. Во овој случај наместо нормални, коскената срцевина произведува нефункционални еритроцити. Бидејќи тие се одговорни за транспортот на кислород, а нивната продукција е нарушена, се појавува анемија. Анемијата предизвикана од недостаток на фолна киселина има слични симптоми на анемија предизвикана од дефицит на витамин Б12.

Б12 – оваа анемија се нарекува мегалобластна и настанува кога еритробластите имаат поголем волум од нормалниот (мегалобласти). Витаминот B12 го зголемува апетитот и е неопходен за спречување или лечење на анемија.

Цинк – Недостатокот од цинк предизвикува низок раст, одложено сексуално созревање и анемија. Цинкот е многу важен минерал кој го помага развојот на коскеното ткиво преку стимулирање на апсорпцијата на калциум.

Бакар – Бакарот заедно со железото и витамините, делуваат како каталисти ви синтезата на хемоглобинот. Помага за апсорпција на железото.

Биоперин – помага при апсорпција на витамините и минералите.

Витамин Ц – познат уште како аскорбинска киселина, помага во заздравувањето на коските, намалувањето на лошиот холестерол и нормализирањето на крвниот притисок. Дејствува превентивно во заштитата од рак, срцеви болести, склероза и артритис и е непријател на анемијата.