Артичока – најдобро чувана тајна за понизок холестерол, притисок, шеќер, здрав црн дроб и помалку килограми

Артичоката е чудесен зеленчук, кој покрај тоа што е многу вкусен истовремено е и исклучително здрав!

Артичоката е пребогата ризница на минерали, витамини, растителни влакна, пребиотици и полифеноли, и нејзиното лековито дејство се должи токму на нејзиниот состав.

Додатоците во исхраната кои содржат екстракт од артичока воглавно се употребуваат за намалување на покачениот холестерол и крвен притисок, за превенција на артеросклероза, за заштита на црниот дроб, за регулирање на цревната флора, за подобрување на варењето на храната и за регулирање на покачената телесна тежина.

Артичоката го намалува покачениот крвен притисок такашто го покачува создавањето на азотен оксид кои ги раширува крвните садови и го снижува притисокот.  Освен тоа артичоката содржи повисоко ниво на калиум во споредба со натриум што е корисно за спречување на појава на хипертензија.

Артичоката го намалува покачениот холестерол, поради тоа што го содржи цинарин кој има способност за да го зголеми создавањето и лачењето на жолчката,  а со тоа го зголемува и отстранувањето на холестеролот, бидејќи главен метод за елиминација на холестеролот од телото е токму неговата претворба во жолчните киселини.

Артичоката содржи и лутеолин, кој освен што е јак антиоксиданс истовремено има способност и да го намали создавањето на холестерол во телото.

Високиот холестерол е штетен за човечкото здравје и доведува до формирање на плаки во артериите, и развој на артеросклероза, затоа е многу важно неговото ниво да се одржува во дозволените граници.

Артичоката го намалува ризикот од артеросклероза и од срцеви заболувања токму поради способност ада го намали покачениот лош холестерол (ЛДЛ). 

Артичоката ја балансира цревната флора, затоа што го содржи пребиотикот инулин.

Во клиничка студија во која учествувале 32 здрави лица, редовната употреба на инулинот од артичока го зголемила бројот на добрите бактерии во цревата.

Таа го подобрува варењето на храната, помага при подуеност и констипација.

Артичоката го заштитува џигерот, такашто го зголемува создавањето на жолчката и помага за отстранување на опасните токсини, го штити црниот дроб и од оксидативното оштетување и го намалува воспалението.  Се препорачува при замастен џигер, но истовремено претставува и одличен додаток за детоксификација на телото.

Артичоката има антиоксидансно дејство, затоа што листовите на артичоката се богати со антиоксидансни соединенија кои ги заштитуваат клетките од штетното дејство на слободните радикали и така спречуваат развој на најразлични болести.

Екстрактот од листовите на артичоката покажал и антимикробно дејство, особено кон габичките како кандида, но и кон некои бактерии.

Артичоката помага за слабеење, затоа што дава чувство на ситост и го спречува прејадувањето и постојаното грицкање меѓу главните оброци.  Се смета дека истовремено има способност и да го забрза метаболизмот, а со своето лаксативно и диуретско дејство дополнително помага за одржување на нормалната телесна тежина, па дури и за намалувње на целулитот!

Nature Essential – Aртичока можете да ја нарачате онлајн:

➡️ https://alfalab.mk/proizvodi/nature-essential-articoka/

Nature Essential – Aртичока може да ja набавите во аптеките на: Еурофарм, Виола, Плус Фарма, Галениум, Бети, … во дрогериите на ДМ-дрогерии и Cosmo – Tinex и сите подобро снабдени аптеки.

Или на телефонскиот број: 02 3218 821
Секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот
(Достава до домашна адреса со брза пошта)