Аронија, богатство од антиоксиданси, минерали, бета – каротен …

Аронијата потекнува од Северна Америка но благодарение на нејзиното одлично поднесување на ниските температури (и до – 50 степени) пристигнува и до Сибир па така и го добива името сибирска боровница. 

Северноамериканските индијанци ги сушеле и ги мелеле плодовите на аронијата, ги комбинирале со месо и брашно и така ги користеле за исхрана .

Аронијата содржи висок концентрат на антиоксиданси, флавоноиди, бета каротен, минерали (железо, калиум, калциум, манган, магнезиум, цинк) витамин Ц,Е,К,Б2,Б6,П, а го содржи и реткиот овошен шеќер сорбитол. Таа е богата со антиоксидансот антоцијанин кој го јакне имунитетот,го намалува ризикот од рак, го успорува стареењето.

СВРТИ ГО ТРКАЛОТО НА СРЕЌА И ОСВОЈ ПОПУСТ ДО 40% ПОПУСТ ВО АЛФАЛАБ, СЕ ШТО ТРЕБА ДА НАПРАВИТЕ Е ДА ПОЧЕКАТЕ 30 СЕКУНДИ ЗА ДА ВИ СЕ ПОЈАВИ ТРКАЛОТО ЗА ПОПУСТ.

ЗА ДА ЗАПОЧНЕТЕ КЛИКНЕТЕ ОВДЕ

Здравствениот бенефит од користење на аронијата е огромен.Од лековитите својства што и ги препишуваат најмогу се користи за прочистување на крвта, ја подобрува циркулацијата, ги спречува болестите на срцето, ја ублажува мигрената и главоболката, го регулира крвниот притисок и холестеролот, поволно делува на цревата и желудникот, ги намалува воспалителните процеси, ја регулира работата на тироидната жлезда ,спречува развој на вирусните и бактериските инфекции, го регулира шеќерот во крвта,го успорува развојот на атеросклерозата,штити од деменција и Алцхајмерова болест,лечи уринарни инфекции,овозможува правилна работа на жолчката и црниот дроб покрај тоа што ги прочистува.

Плодовите на Аронијата содржат каротен кој ги штити клетките од оштетувања, го подобрува видот,спречува појава на катаракта.Аронијата исто така штити од UV зрачење, има способност да на себе ги врзува тешките метали и радиоактивни елементи и го овозможува нивното излачување од организмот.

Нутритивна вредност во 100 грама аронија:

  • енергетска вредност 47 kcal
  • јаглехидрати 9.6 гр
  • протеини 1.4 гр
  • масти 0.5 гр
  • диетални влакна 5.3 гр.
  • антоцијанин 1.480 мг

Витамин А 214 IU,витамин Ц 21 мг,витамин Е 1.17 мг,витамин К 19.8 мцг,натриум 1 мг,калиум 162 мг,манган 0.646 мг,калциум 30 мг,железо 0.62 мг,магнезиум 20 мг,цинк 0.53 мг.

Дневна препорака за конзумирање на аронијата е 3 до 5 зрнца трипати дневно.