Аргановото дрво (Argania Spinosa) расте само во југозападниот дел на Мароко. Тој бил особено ценет кај мароканските Бербери, нарекувајќи го „дрво на животот“. Како и нема, кога со векови му обезбедува храна на човекот и стоката од овој сушен регион.
Со лисја и плодови се хранеле кози, овци и камили. Добитокот се хранел со отпадните делови кои останувале по истиснување на маслото, а луѓето ги консумирале маслото и аргановите оревчиња. Аргановото масло е едно од најскапите масла во светот.
Жените Бербери го користеле со векови аргановото масло за заштита и нега на кожата, косата и ноктите поради живот во тешки услови. Денес, аргановото масло добива на популарност како „чудотворна состојка”, а се користи во козметичката индустрија која работи на производи за западниот пазар. Ова масло содржи исклучително високи нивоа на витамин Е и 80 проценти од масните киселини, кои го прават совршен за лекувањето на многу заболувања на кожата, како и заштита од предвремено стареење предизвикано од оксидација.
Третман и заштита
Активните супстанции наречени тритерпеноиди, кои ги има во аргановото масло нудат изненадувачки придобивки за заштита на кожата. Тие вклучуваат третман на ткивото (лузни), анти-воспалително дејство, заштита од сонце и дезинфекција.
Маслото содржи 80 проценти незаситени масни киселини и поотпорно е на оксидација од маслиновото масло. Аргановото масло, исто така, содржи соединенија познати како растителни стероли. Тие го подобруваат метаболизмот на кожата, ги намалуваат воспаленијата и подобруваат задржувањето на влагата.
Ефект на анти-стареење
Аргановото масло е многу ефикасно против стареење, благодарение на својства како што се високите нивоа на витамин Е, токофероли (антиоксиданси помагаат во неутрализирање на штета од слободните радикали) и средства за омекнување на кожата. Освен што ги лади и смирува воспаленијата, аргановото масло помага во намалување на брчките, обновувајќи го хидро-липидниот слој на кожата.
Лековити својства
Аргановото масло содржи ретки растителни стероли кои не се наоѓаат во други масла. Се верува дека комбинацијата на овие фитостероли е единствена и дека не постојат други растителни масла со споредлив составот на фитостероли. Фитостеролите ги намалуваат воспаленијата и помагаат во блокирање на апсорпцијата на холестерол од цревата. Тие исто така, покажуваат анти-канцерогени својства.
- Аргановото масло го олеснува варењето на храната со зголемување на концентрацијата на пепсин во желудочниот сок. Содржи флавоноиди кои делуваат како природни анти-воспалителни средства како надвор, така и од внатре.
- Маслото се смета дека е многу корисно за артритис и ревматски проблеми.
- Многу е корисно за намалување на нивото на холестерол, ја поттикнува циркулацијата и го зајакнува природниот имунитет.
- Се користи за смирување на кожни болести како што се мали сипаници, акни, псоријаза, егзема. Исто така, се користи за спречување на стрии во текот на бременоста.
- Аргановото масло е исто така, познато по своите афродизијачки својства