Килограмите се намалуваат, но целулитот останува. Но не и со оваа диета.
Продукти кои се препорачуваат:
- Зеленчук (најдобро свеж или варен)
- Овошје (свежо или овошни сокови)
- Салати (зачинети со чисто растително масло и оцет или лимонов сок)
- Сокови од зеленчук (свежи)
- Јајца (варени или пржени на растително масло)
- Јогурт (може и со додатно овошје или мусли)
- Млеко (обезмастено)
- Месо, риба, животинско месо (варено или печено без маснотии и кожа)
- 8 – 10 чаши вода дневно (1,5 – 2 литра)
- Сушен пивски квасец (две лажички во овошен сок 15 минути по јадењето)
Пример за неделно мени:
1. Ден:
- Појадок: јогурт или кисело млеко, кравјо сирење, црн леб
- Ужина: овошје или овешен сок
- Ручек: зелје и компир салата со печена риба, црн леб
- Ужина: Овошје или овошен сок
- Вечера: варен зеленчук, месо, салата, црн леб
2. Ден:
- Појадок: млеко, мусли
- Ужина: сладолед
- Ручек: зелка со месо, цвекло, црн леб
- Ужина: бело кафе
- Вечера: варен зеленчук, месо, салата, црн леб
3. Ден:
- Појадок: сок од моркови, црн леб
- Ужина: семки од сончоглед
- Ручек: карфиол, пилешко месо, салата, црн леб
- Ужина: овошје или овошен сок
- Вечера: јогурт, кравјо сирење, салата, црн леб
4. Ден:
- Појадок: млеко, мусли
- Ужина: крофна
- Ручек: говедска супа, морков и компири варени, салата, црн леб
- Ужина: сок од зеленчук
- Вечера: црн леб, маргарин, џем, чај
5. Ден:
- Појадок: млеко, маргарин, џем, црн леб
- Ужина: овошје
- Ручек: грашок, салата, црн леб
- Ужина: сок од овошје или зеленчук
- Вечера: варен зеленчук, риба, салата, црн леб
6. Ден:
- Појадок: сок од овошје или зеленчук, печено лебче, кравјо сирење
- Ужина: овошна салата
- Ручек: шницли од соја, спанаќ со компири, салата, црн леб
- Ужина: палачинка
- Вечера: варен зеленчук, месо, салата, црн леб
7. Ден:
- Појадок: млеко, сирење, црн леб
- Ужина: салата од домати или сок од домати
- Ручек: џигер, пире, салата
- Ужина: палачинка
- Вечера: варен зеленчук, месо, салата, црн леб
Совети:
- никогаш не јадете брзо;
- јадете секогаш во исто време, така желудникот најдобро функционира;
- можете сами да правите дневни или неделни менија, се разбира со продукти кои се препорачуваат во оваа диета;
- масирање на местата со целулит;
- вежбање;
- пливање;
- прошетка во природа
Избегнувајте: колбаси, салами, грицки, месо во пресол, масни и солени сирења, пржена храна, газирани пијалоци, павлака, виршли, готови супи, зачини и зачинети јадења, многу кафе.
Напомена: пред користење на било каква диета, најдобро е да се консултирате со Вашиот лекар.