Доколку често страдате од надуеност на стомакот, гасови и подждригнување, ви предложуваме природен сок кој ќе биде решение за овој проблем.
Потребно состојки :
- половина помал ананас
- пола главичка или две дршки од анасон
- две дршки од целер со листови
- парче корен од ѓумбир, 2-3 см
Сите состојки измешајте ги во блендер. Додадете малку вода по потреба, за да биде потечно. Пијте на празен стомак, додека не исчезнат проблемите. Доколку имате моќен соковник, може да го исцедите и промешате сокот од сите состојки и да го пиете на празен стомак, додека цревната флора не се обнови.
Ананасот содржи ензими кои помагаат при варење. Целерот го спречува задржувањето на водата и го спречува подждригнувањето. Анасонот и ѓумбирот влијаат на обновување на цревната флора. Сите заедно се комбинирани, со цел да ви ги реши проблемите со надуеност и варењето.
Пијте по потреба на празен желудник, додека проблемите не исчезнат.