Како што се ближат новогодишните празници се редат лампиони и сијалички кај елките, така се зголемува нивото на еуфорија и радост, како кај семејствата кои имаат мали деца, така и кај оние возрасни кои сѐ уште се деца во срцата. И тогаш, додека минувате време со семејството и ја декорирате елката и домот, ја слушате „Have yourself a Merry Little Christmas“ од Sinatra и пиете топло чоколадо, не можете, а да не се запрашате „Зошто престанав да верувам во Дедо Мраз?“
Веројатно затоа што сте добиле удар од реалноста. Па така, бидејќи децата,кога тогаш, ќе го добијат тој удар од реалноста, можеби треба да ги оставиме да уживаат во своето прекрасно бесознание и да направиме да се радуваат на Дедо Мраз што подолго.
Едно истражување на психологот Jacqueline Wolley од Универзитетот во Тексас, го разгледува прашањето на која возраст децата престануваат да веруваат во Дедо Мраз. Резултатите покажаат дека децата над возраст од околу 5 години веќе не веруваат во дедото со долга бела брада. Нејзиното истражување е слично со истражување направено во 1978 година каде 85% од децата на 4 годишна возраст, но 65% од децата на 6 годишна возраст веруваат во Дедо Мраз.
Вчудоневидувачки е фактот дека кога возрасните биле прашани, кога тие престанале да веруваат во Дедо Мраз, одговорот означувал значајно поголема возраст. Истражувањето покажува дека 85% од возрасните верувале, но просечната возраст на која престанале да веруваат во постоењето на Дедо Мраз е 8 години.
Бидејќи реалноста е таква каква што е, на сите понекогаш ни е потребна малку „магична прав“ за да не залажува дека ако бидеме доволно добри, некој ќе не награди за тоа. Па така, бидејќи децата,кога тогаш, ќе го добијат тој удар од реалноста, можеби треба да ги оставиме да уживаат во своето прекрасно бесознание и да направиме да се радуваат на Дедо Мраз што подолго.
Еве неколку начини како да го направите „доаѓањето“ на Дедо Мраз уште повозбудливо:
- Помогнете му на детето да му напише писмо на Дедо Мраз и да го испрати
- Подгответе му закуска на Дедо Мраз
- Легнете го детето рано пред да дојде Дедо Мраз
- Радувајте се со него кога ќе ги отвора подароците