Зошто вежбањето четири пати неделно е подобро шест ?

Кај вежбањето најчесто се мисли дека ако не вежбате секој ден, нема да дојде до позитивни ефекти за здравјето. Меѓутоа, новата студија тврди поинаку – опуштениот пристап на распоредот на вежби може да биде покорисен од секојдневното вежбање.

За студијата објавена овој месец во списанието „Exercise &Science in Sports & Medicine“, научниците од универзитетот во Алабама во Бирмингем собраа 72 жени помеѓу 60 и 74 години со седентарен начин на живот и ги поделија во три групи за вежбање. Научниците сакаа да утврдат колку тренинг неделно им треба за подобра физичка кондиција на жените и вкупна потрошувачка на енергија на неделно ниво.

Првата група почнала да дига тегови еднаш неделно и да изведува вежби за издржливост како што џогирање или возење велосипед во друг ден. Втората група џогирала, дигале тегови и возеле тренинг велосипед два пати неделно. Третата група имала три тренинга со тегови и три тренинга за издржливост неделно.

Научниците ја објавија тезата дека строгиот распоред на вежбање доведува до реакција на централниот нервен систем  како тие лица да претеруваат во испраќањето на физички сигнали, како и на несвесно внатрешно ниво, да се чувствуваат заморно или летаргично и да престанат да се движат како порано.

Научниците го следеа нивото на цитокинот во крвта, супстанца која се поврзува со стресот за кој се мисли дека е еден од сигналите кои нервниот систем ги користи за да утврди дали лицето претерува со физичка активност.

На крајот од овој четиримесечен експеримент не дошло до некои забележителни разлики во физичката кондиција меѓу групите. Жените кои вежбале два пати неделно станале еднакво силни и стекнале физичка кондиција како и тие кои вежбале шест пати неделно.

Исто така не дошло до значајни разлики во нивото на цитокинот помеѓу групите.

Меѓутоа, жените кои вежбале четири пати неделно трошеле многу повеќе енергија од жените во другите две групи. Согорувале околу 225 додатни калории секој ден, покрај тие што ги трошеле на тренингот, во споредба со согорувањето на калории во почетокот на експериментот.

Жените кои што вежбале два пати неделно трошеле повеќе енергија секој ден, околу 100 калории, покрај тие кои ги согорувале на тренингот.

Но, жените кои вежбале шест пати неделно сега трошеле многу помалку енергија на дневно ниво отколку на почетокот од експериментот и тоа речиси 200 калории помалку, иако напорно вежбале.