Диетите на Марија Антоанета : „Појадувајте колачи и ослабете“

Добра вест: нутриционистите се повеќе  земаат во предвид дека  храната, освен што е потребна за живот, е и големо задоволство кое не би смееле да си го скратиме. Како да ја смирите желбата за здраво тело и деликатеси знае Милан Вуковиќ Руниќ

download (8)

Традиционалните диети веќе не се во мода, бидејќи не е во човековата природа секогаш да ги скратува залците и храната од соништата, претежно помрсна и послатка од пропишаната. Покрај тоа, премногу строгото мени може да предизвика (како што често се случува!),  да почнеме премногу да слабееме и да се разболиме пред  да бидеме свесни. Затоа се повеќе и повеќе се има предвид дека храната, освен што е основна потреба за живот, е и големо задоволство што во никој случај не смееме да си го скратиме. Во таа насока е и  новата книга која се однесува на француската кралица Марија Антоанета, позната по нејзината изјава дека гладните луѓе, ако немаат леб треба да јадат колачи. Се разбира, Марија Антоанета никогаш не ја изговорила таа реченица ( таа почина со нејзиниот сопруг и децата на гилотина), но факт е дека таа  обожавала колачи.

Појадокот изедете го самите

Во книгата “Диетите на Марија Антоанета : појадувајте колачи и ослабете”, Карен Вилер вели дека  кралицата никогаш не си ги  скратувала задоволствата: слатки со кафе или топло чоколадо за појадок (кој во кралската палата беше повеќе од раскошен ) и богат ручек кој се состоеше од разни видови на домашни паштети (вклучувајќи ја и познатата паштета граис), остриги, ракови, лосос, печена патка, понекогаш дури и чорба од зајак мали ужини, како што се сирење, тестенини и зеленчук варен во крем. Посебно, за кралицата се подготвувале кандирано овошје и бисквити, како и нејзините омилени макарони.

Во својот филм за Марија Антоанета Софија Копола ја покажува кралицата како постојано ужива во секвенци од шарени колачи, чоколадни предјадења, прекрасни суфлеа,а сето тоа го надополнува со шампањ. Повторно, како таа по таквите оброци успевала да го закопча корсетот и да влезе во своите фустани кои го нагласувале струкот? Од книгата “Кралицата на Модата: Што Марија Антоанета носеше на револуцијата”, Каролина Вебер ни кажува дека нејзе не и бил потребен специјално, цврст корсет како со задоволство се носел во францускиот двор. Се чини дека Марија Антоанета спонтано го знаела она што науката на 21 век само го покажува – всушност, не станува збор за она што го јадеме, туку кога јадеме.

download (9)

Вечерата оставете му ја на непријателот

Тоа е т.н. францускиот парадокс, вечното прашање што не прогонува кога ќе ги погледнеме француските жени : како тие успеваат да јадат тенко тесто и чоколаден мус, а пак да се тенки и не страдаат од холестерол? Марија Антоанета целиот свој живот (кој, за жал, насилно завршил во нејзината 39-та година) држела совршена диета чие единствено правило било – лесна вечера. Варениот зеленчук или супа биле редовно на нејзиното вечерно мени, а колачињата морале да чекаат за појадок за кралицата повторно да посегне по нив. Затоа што, дури и во речиси непостоечка диета, постојат некои правила, а првото од нив е слатките закуски да се јадат во утринските часови, а не за ручек или вечера.

Животот е прекрасен!

Супа и варено месо / зеленчук се совршена вечера (се разбира не мислиме на масни супи), а за ручек нема посебни ограничувања, освен тоа дека не се препорачува пржена храна, готова мрсна храна од продавница, хамбургери, сè она  го  немало и во времето на Марија Антоанета. Овде се вклучува и т.н.. храна од бензинска пумпа – сите видови на ужина, безалкохолни пијалаци полни со шеќер и, се разбира, ноќните посети на фрижидерот (што е особено точно за мене). Книгата завршува со шармантен заклучок – ” Јадете ги само десертите за  кои знаете дека се фантастични”.

Диетата на Марија Антоанета вклучува една чаша вино или две, една чаша шампањско или две, понекогаш вашиот омилен коктел … На кратко, животот е убав, ако сме свесни дека во задоволствата не треба да бидеме неумерени, туку одмерени и редовни. Погледнете во часовникот – на полноќ, без колачиња, вино, шампањ или чоколадо, барем не премногу често.

Тука  мојата филозофија на животот е сосема различна од таа на кралицата: најмногу  уживам во слатките во текот на ноќта. Како постојано да извршувам некој ноќен ритуал наречен “чоколадо и јас”. Поместувањето на чоколадо од полноќ на пладне се чинеше невозможен потфат, но неодамна сфатив дека може доколку си зготвам чај, кога ќе се доближи  мојот час, чај со млеко, и така, со чаша во раката, го продолжувам читањето.

Како што пушачите нивната навика ја оправдуваат со тоа дека “нешто мора да држат во рака”, се покажа дека и моето ноќно држење на чоколадо повеќе е навика отколку зависност. Чоколадо или чаша во раката е сеедно .

Се разбира, не велам дека секоја вечер ќе ми успее тој експеримент, но мислам дека за нашето ментално и физичкото здравје навистина не треба да јадеме тешка храната пред спиење, кога  е подобро и  желудникот , со нас, да  одмори од напорниот ден , во кој јадевме како Марија Антоанета. Лесни супи, зеленчук и овошје се одличен избор за оние, како мене кои мораат нешто да јадат во долгите часови од осум навечер, додека да одат на спиење.