Стареењето е составен дел од човековата природа, нешто од што не може да се избега, најчесто од стравот забораваме за се подготвиме. Под активно стареење се подразбира чување на ведиот дух и физичка кондиција.
Причини поради кои јогата е совршена за „подготвување“ се многубројни:
- Му помага на телото да се зајакне, станува многу пофлексибилно отколку што можете да замислете. Ќе ви помогне да ги избегнете болките во вратот, грбот, рацете и нозете.
- Ја зголемува концентрацијата и критичкото мислење.
- Ве учи повеќе да се грижите за себе и што е важно кога помагате на другите? Позитивно ќе гледате на светот и се околу вас.
- Ја разбива рутината, ве става пред нови предизвици, и ве доведува до искушение да пробате нови работи.
- Ви помага да се прифатите себеси онакви какви што сте, да ги спознаете своите граници и можности без оглед на тоа во која старосна доба сте.
- Придонесува кон тоа подобро да спиете и ве наведува да применувате здрави навики.
- Ќе запознаете нови луѓе, кои можат да станат ваши пријатели.
Александара Малова