Што е корен од мака? Еве како да го користите и за што е корисен

Време е да погледнеме во едно од оние скапоцени растенија за кои до пред кратко време, повеќето луѓе во Северна Америка не ни слушнале за него. Денес, мака е многу популарна „супер храна“ и билка.

Коренот од мака, познат во науката како „Lepidium meyenii“ и „Lepidium Peruvianum“, а најпознат е веќе со генерации како енергетски засилувач и стабилизатор на расположението. Тоа е природен и моќен збир на животворни состојки како фитонутриенти, амино киселини, витамини и масни киселини. Исто така, изобилува со минерали и фито хормони.

Виталноста од мака

Значи, што е тоа што таа го прави? Коренот од мака има способност да ги регулира, поддржува и балансира хормонските системи на мажите и жените. Чудесна билка против акни! Бидејќи ги балансира хормоните, исто така може да помогне со плодноста, варењето, нивото на енергија и се што е поврзано со сексот. Коренот од Перуанската мака е адаптоген, многу сличен со женшен. Адаптогените се, по дефиниција, состојки кои ја зголемуваат отпорноста на вашето тело кон болести, како и физиолошки и емоционални подобрувања. Може да биде од голема корист за луѓето кои се борат со симптомите на хроничен замор. Се верува дека ова го прави преку помагање на надбубрежните и хипофизните жлезди. На кратко, ве прави да се чувствувате добро, како телесно така и душевно.

Како да ја користите мака?

Традиционално, мака се користела и за лекување на ПМС и менопауза. Се шпекулира дека ги намалува сите оние топлотни удари и потење во ноќта. Неодамна се користела како природна замена за аноболични стероиди кои спортистите кои се обидувале да постигнат мускулна хипертрофија. И мажите и жените го користеле за зголемување на нивното либидо, плодноста и кондицијата.

Коренот од мака во следните неколку години ќе станува се повеќе популарна во тоалетната и индустријата за нега на кожата. Неодамна, се покажало дека коренот од мака ја потхранува и омекнува кожата.

Мака може да ја зголеми колагенската синтеза, подобрувајќи ја структуралната матрица на кожата. Резултатите се извонредни! Кожата станува поцврста, помазна и со помлад изглед на кожата! Производите кои содржат мака помагаат во одржување на косата и против паѓање на косата. Го поттикнува растот на косата и одржување на косата со помош на кератиноцитна синтеза и го заштитува коренот на косата. Всушност маката може да стане иден тренд за нега на кожа и коса во производите.

Список на потенцијалните придобивки од коренот од мака:

  • – го балансира расположението
  • – ја зајакнува кожата
  • – ја зголемува енергијата
  • – го зголемува либидото и плодноста
  • – го подобрува спиењето
  • – му помага на вашето тело да се прилагоди на стресот
  • – ја зголемува меморијата
  • – против стареење
  • – против акни
  • – ја зголемува издржливоста и кондицијата
  • – ги намалува симптомите на ПМС и менопауза
  • – помага во намалување на болките во меннструалниот циклус
  • – ја зајакнува косата и го намалува опаѓањето на косата