„Лудило“ е една од најновите фитнес програми за слабеење, промовирана од светски познатиот фитнес гуру Шон Т. Оваа програма не подразбира слабеење и оформување на телото со прошетки во парк, туку дисциплинирано следење на секој чекор од програмата, до целосно оформување на телото и состојба во која ќе уживате.
„Лудило“ е широко развиена фитнес програма, која, за разлика од своите ривали на ова поле кои тврдат дека ги покриваат сите чекори за совршена форма на телото, ветува и ги исполнува вистинските резултати кои ги очекувате.
Програмата се состои од широк спектар на различни вежби, секоја наменета за различен дел од телото со користење на сопствената тежина при вежбањето.
Програмата вклучува вежби за затегнување на стомачните мускули, кардио- вежби и вежби за издржливост и кондиција кои даваат резултати на целото тело. Исто така, покрај редовните вежби, вклучува и план за исхрана во кој се добиваат професионални совети каква храна да се консумира и како да се храните здраво, но сепак да уживате во исхраната. Фитнес програмата „Лудило“ е создадена луѓе кои се сериозни и посветени на оформување на своето тело до совршенство.
Сите кои го досега доследно го следеле планот за исхрана и вежбање забележале неверојатни резултати и брзо губење на телесната тежина во интервал од 13 до 20 кг. за само 60 дена.
Погледнете го видеото :