Зачувајте го здравјето со помош на вкусните црвени јагоди

Тие се вистински богат извор на витамини, минерали, растителни влакна и антиоксиданси. Традиционално се применуваат во народната медицина во многу култури. Уште старите римјани ги одгледувале заради нивните лековити својства.

Осум јагоди со средна големина се доволни во целост да ја задоволат дневната препорачана количина од витамин Ц, затоа што јагодите содржат рекордно повисок процент од овој витамин во однос на јужното овошје.

Состојките во јагодите имаат моќни антиоксидантски својства. Затоа јагодите ги намалуваат последиците од воспалителни процеси во организмот, го чуваат здравјето на артериите и ги спречуваат ризиците од заболувања на срцето.

Јагодите содржат фолна киселина, форма на витаминот Б, неопходна за создавање на црвените крвни клетки, затоа се препорачуваат на трудници и на деца во раст. Една порција јагоди задоволува околу 20% од дневните потреби за фолна кицелина.

Сокот од јагоди во комбинација со малку мед ги ублажува иритациите или изгорениците од сонце на кожата. Смесата се нанесува на кожата, се остава кратко време, а потоа се измива со млака вода и малку лимонов сок.

Во 100 грама јагоди има 30 калории, што овозможува здрава, нискокалорична и вкусна ужина.

Јагодите содржат 90% вода, затоа брзо ја гасат жедта и се идеални за одржување на витка линија, особено кај оние кои се обидуваат да се ослободат од вишокот на некое килце.

Јагодите содржат протеини кои можат да предизвикаат алергиска реакција. Затоа треба да избегнувате да им ги давате на деца до 2 години, особено ако во семејството постојат случаи на алергија на јагоди.

Поради фактот што јагодите содржат фолна киселина, тие го помагаат забременувањето и ја намалуваат депресијата. Докажано е дека јадењето на јагоди директно влијае и во заштитата од рак. Ова слатко овошје содржи и антиоксиданси, кои помагаат против стареење.

Јагодите помагаат за заздравување на непцата. Кога немате достап до паста за заби и четка, преполовете 2-3 јагоди и со нив протријте ги забите и непцата. Потоа исплакнете со вода.

При консумирањето на јагоди ризик постои ако тие се прскани со штетни пестициди. Затоа, најдобро е да купувате јагоди во кутија на која е посочен произведувачот. Исто така треба да се внимава да не се консумираат од луѓе кои имаат алергични реакции на нив. Ако не сте сигурни дали сте алергични на јагоди или не, посетете лекар за да направите соодветен тест.

Последните истражувања покажуваат дека јагодите ја зголемуваат сексуалната активност кај мажите и плодноста кај жените. Причина за тоа е цинкот, кој се содржи во малите семки на јагодите. Тој го покачува нивото на тестостерон кај мажите, кое од своја страна води до зголемување на сексуалната активност.