Домашен серум против црвенилата на кожата

Црвените дамки на кожата, особено на лицето, сигурно не изгледаат убаво. За да ја избегнете оваа непријатност, направете природен серум кој не ја оштетува.

Серумот направете го така што ќе помешате 15 мл масло од невен и арган, ќе додадеме пет капки од етерично масло на камилица и осум капки етерично масло од лаванда. Сето ова добро измешајте го и ставете го серумот во стаклено шишенце.

Би било добро овој серум да го мачкате секојдневно на лицето, особено ако имате осетлива кожа.