Потребни состојки:
- 1 рака сува коприва (само лист)
- 1 рака сув магдонос (само лист)
- 1 литар лозова ракија
Подготовка:
Сите состојки се ставаат во стаклена тегла, па убаво затворена се остава 15-20 дена на топло место. Секојдневно теглата треба да се промешува.
По изминатиот период, ракијата се процедува, и се користи како облога за отечени зглобови.