Домашна лековита маст против детска кашлица

Препорачлива е и за возрасни лица, но особено помага за детска кашлица бидејќи е 100% природна маст и безбедна по детското здравје. Единствено внимавајте доколку вашето дете е алергично на на накои од намирниците за подготовка особено прополисот.

Потребни се: 50 грама прополис, 50 милиграма сончогледово масло и сад за водена пареа. Во мал сад ставете го маслото и во него додајте го прополисот. Потоа префрлете во друг сад и топете ги состојките на водена пареа на тивок оган додека прополисот не омекне. А, тоа се случува многу брзо. Сето тоа се процедува и се префрла во тегла да се олади.

Со маста масирајте ги градите, грбот и нозете на децата, двапати дневно. Ако детето многу кашла, тогаш може да му давате две лажички од маста дневно, да проголта или растопете ја во топло млеко и дајте му на детето да пие.