Народен рецепт со лимон за намалување на холестеролот, триглицеридите и прочистување на крвта

Ви презентираме лек кој лесно се прави, има пријатен вкус, лесен е за консумирање и е исто така многу ефективен кај високиот холестерол и триглицеридите. Овој лек на база на целер ќе ви помогне дури и при чистење на крвта, ширење на крвните садови, намалување на стресот, регулирање на крвниот притисок, а особено во зајакнувањето на имунолошкиот систем. Тоа не е сè. Пијалакот поради својот состав ќе има позитивно дејство во превенција и разбивање на камења во бубрезите.

За лекот ви се потребни :

– 6 цели лимони (со коренот)

– 4 целера (без корен)

– 1 литар чиста, зовриена вода

Доколку сте во можност најдете непрскани лимони. Со оглед на тоа дека е тешка задача, бидејќи не сте сигурни дали се прскани, потопете ги прво во течност за симнување нечистотии и хемикалии, чиј рецепт можете овде да ги најдете. Додека лимонот одстои во течноста, измијте целер и отстранете го коренот, така што ќе ви останат стеблото и листовите. За таа цел можете да користите и машина за месо.

Сето тоа додајте го во сад во кој претходно ќе ставите еден литар претходно зовриена и изладена вода. Смесата добро измешајте ја и оставете ја да одстои 24 часа на собна температура за да се измешаат и соединат. По одстојувањето, смесата повторно добро измешајте ја и процедете ја низ ситна цедалка или газа, така да остане само течноста. Добиениот сок ставете го во стаклено шише и држете го во замрзнувач за да не се расипе.

Консумирајте по една мала чаша за ракија секој ден пред секој оброк без прескокнување (најмалку три пати на ден). Кога ќе ја потрошите целата доза, направете нова.

Праксата покажала дека е потребно 8-10 недели секојдневно консумирање од овој сок за да ги добиеме задоволителни резултати на намалени маснотии во крвта, како и општо чувство на подобрена здравствена слика на организмот.

Поделете го рецептот со пријатели на Фејсбук со оние на кои им е потребен.