Анкета: Што мажите прво забележуваат кај една жена ?

Нема да верувате, ама не станува збор ниту за деколтето ниту за долгите нозе, а не и за задникот, туку…

kosa 2…Косата!

Така барем тврди последното истражување спроведено од списанието Гламур. На прашањето „што најпрво забележуваат кај една жена“ дури 82 отсто од анкетираните го делат истиот одговор – косата, сметајќи дека убавата фризура е клучен елемент во женската заводливост.

Резултатите од анкетата :

  • 74 отсто мажи се изјасниле дека кај жената ги привлекува косата.
  • 44 отсто на прво место ја забележуваат косата и тоа пред нозете, облеката и шминката.
  • 82 отсто сметаат дека секси фризурата е клучен елемент во женската заводливост.
  • 60 отсто признале дека попрво би излегле со жена која има средена коса отколку со жена која има големи гради
  • 78 отсто се изјасниле дека сјајната, здрава и миризлива коса и тоа како ги возбудува.

Е па девојки, после овие одговори, ако сакате да бидете забележани заборавете на шминката, мини здолништата и длабоките деколтеа. Трчајте на фризер!