Во античко време се верувало дека со употребата на парфемите се станува сличен на божествата. Интересен е податокот дека жителите на Версај не се бањале често. Наместо сапун изобилно употребувале парфеми и козметика. Се уште се зборува за кралот кој за 4 години се избањал само еднаш.
Во средниот век црквата ги осудувала алхемичарите, кои важеле за произведувачи на парфеми. Се смета дека 18 век е периодот во кој почнува да се следи модата. Дворецот на Луј XV тогаш е наречен „дворец на парфемите“, а дворјаните морале секој ден да употребуваат различен парфем. Царицата Жозефина трошела богатство на егзотични мириси, а Наполеон имал навика редовно да користи колонска вода. Така било некогаш.
Модерните парфимерии се појавуваат во периодот од1860- 1900 година, а кон крајот на овој век индустријата е насочи кон потребите на жените од средната класа. И ден денес жените не можат да го замислат животот без својот омилен парфем.
Еве неколку трикови за да мирисате неодоливо:
1. Нанесете го парфемот на телото додека сте се уште целосно голи- секој парфем е правен за да реагира на кожата, а не на облеката.
2.Парфемот ставете го на пулсирачките точки. Нанесете многу мало количество на две битни места- вратот и зглобовите на рацете, но не заборавајте го и делот зад колената, како и зад ушите. Поаѓајќи од фактот дека го нанесувате мирисот на толку различни места внимавајте да не претерате со количеството.
3. Прснете од парфемот во воздух пред вас и поминете низ овој мирисен облак. Овој метод е најдобар ако сакате многу благ мирис кој нема долго да се задржи на вашето тело.
4.„ Градете“ го мирисот слој по слој. На телото и долната облека нанесете мирис и крема кои долго ќе траат. Потоа испрскајте се со спреј од истиот мирис.
5. За посебни вечерни пригоди користете миризливо масло за тело или гел, за кожата да ви биде сјајна и истовремено миризлива.
6. Доколку користите гел, пена или масло за коса, можете да ги измешате со малку парфем пред да ги нанесете. Секогаш кога ќе замавнете со главата ќе го раширите мирисот.
7. Проверете го како мирисате. Доколку имате впечаток дека сте ставиле многу парфем, со влажно марамче отстранете дел од парфемот на себе. Држете се секогаш до правилото дека мирисот треба да биде дискретен и суптилен.