Анти – Валентајн : Што е романтично за денешните мажи?

Што се случило со машко-женските односи? Дали  романтиката исчезна засекогаш?Најновите истражувања покажуваат дека работите навистина се движат во таа насока .

Исфрлање на ѓубрето, подготвување на креветот и спуштање на даската на тоалетот – тоа е она што мажите денес го сметаат за романтично! Се разбира, романтичната вечера со свеќи се уште е актуелна, но се чини дека помошта во домашните работи ги руши сите рекорди на романтика открива најновото истражување.

love2

Мажите сметаат дека  романтично е да пеглаат , перат, да чистат со   правосмукалка . Се разбира, сето тоа се подготвени да го направат по сопствена иницијатива и без да ја прашуваат жената. Сепак, неодамнешните истражувања покажаа дека само седум од десет мажи се обидуваат да ја поттикнат романтиката само кога се на одмор.

Се чини дека современите мажи чувствуваат дека за романтика е доволно  редовно да помагаат во домашните работи и помнењето на роденденот на партнерот. Овие работи  навистина се важни, но двете страни во врската навистина треба да вложат малку повеќе напор за да ја одржат романтичноста , велат истражувачите .

tumblr_leqq814NV51qbhbgoo1_1280

Во едно невообичаено истражување во кое учествуваа 1000 мажи,  за утеха е тоа што многу од нив се уште веруваат дека е важно на жената да и изјавуваат љубов, да и ја отворат вратата и да го придржат палтото. Значи, романтиката се уште не е сосема исчезната.