Живот: Следете го стилот на модните икони

Блејк Лавли немаме можност често да ја гледаме на јавните случувања.

b11

Имено, откако  заврши со снимањето на серијата „Озборувачка“ која ја прослави младата актерка, таа веќе  се посвети на семејството и својот сопруг Рајан Рејнолдс.

Холивудската убавица повторно се најде во центарот на вниманието кога се појави како специјален гостин на ревијата на Мајкл Корс во Њујорк.

Michael Kors - Backstage - Mercedes-Benz Fashion Week Fall 2014

Блејк и овојпат не потсети на нејзината способност одлично да ја прикаже секоја комбинација на облека.

За стилот кој ја врати во светот на модните случувања, Блејк одбра темно сино здолниште во облик на пенкало, украсено со цветни мотиви и палто со кратки ракави, исто така во темно сина нијанса.

Софистицираниот изглед во нијанси на сина и карамела беше надополнет со одлични модни додатоци: широк кожен ремен околу половината и високи потпетици со потпис на Кристијан Лубутен.