Здравјето е во храната, но во која ?

Редовната употреба на ферментирани млечни производи со намалени маснотии, како на пример јогуртот или сирењето, може да го намали ризикот од развој на дијабетес тип 2 за 25 отсто – се вели во истражувањето на Универзитетот во Кембриџ.

Кога одредени видови на храна ќе се остават да ферментираат, добрите бактерии и габи ќе го изведат “предварењето”. Всушност, овие микроби ја јадат храна пред нас, уништувајќи ги шеќерите и скробот и на тој начин ја олеснуваат апсорпцијата на хранливите материи.

Некои видови на храна ослободуваат млечна киселина, природен конзерванс кој во цревата го стимулира растот на добрите бактерии. Ферментираната храна на тој начин станува природен пробиотик .

Спасувачи на имунитет

Улогата на бактериите во здравјето сè повеќе го привлекува вниманието на јавноста во последните години. “Меѓу 70 и 80 проценти од нашите имунолошки клетки се наоѓаат во цревата”, вели Алисон Кларк од британското диететско здружение. “Ферментираната храна ги стимулира бактериите кои го подобруваат имунитетот. Значи, на некој кој страда од кашлица и настинка, тие можат да му помогнат “, додаде таа.

Поборниците на ферментираната храна тврдат дека  антибиотиците и антибактериските производи за чистење го намалуваат износот на добрите бактерии во цревата, на штета на здравјето на луѓето. Тие препорачуваат ферментирана храна, вклучувајќи ги и маслинките, месото и сирењето, заради зајакнување на имунитетот, во борбата против алергии, па дури и при губење на тежината – затоа што тие го стимулираат варењето на храната и  даваат чувство на заситеност.

Една студија објавена во 2011-та година откри дека бактериите на млечната киселина може да помогнат, меѓу другото, на имунолошкиот систем:во заштита од дијареја, да  помогнат кај чирот на  желудник , и при намалување на појавата на алергии. Зеленчукот, особено киселата зелка и краставици, се богат извор на овие бактерии. Се повеќе попопуларни се кефирот и комбухата (ферментиран чај) кои, исто така, содржат млечна киселина.