Вашиот партнер р'чи ? … решете го и овој проблем без да го истерате од спалната

Рчењето е навистина непријатна појава, кое покрај тоа што го вознемирува вашиот партнер, му штети и на вашиот сон. За да го спречите рчењето, прво мора да ја откриете причината.

Еве неколку едноставни трикови кои брзо и ефикасно можат да го решат овој проблем:

Перница

За да го спречите рчењето, треба да ги ослободите дишните патишта. Тоа наједноставно ќе го направите со помош на перница. Спијте на многу тенка или дупла дебела перница. И двете варијанти ќе ви овозможат да дишете без пречки, а со тоа и да престанете да рчите.

Избегнувајте го млекото

Се препорачува млекото и млечните производи како што се пробиотиците, јогуртите и киселото млеко да не ги консумирате во попладневните часови, односно пред спиење, бидејќи тие го поттикнуваат создавањето на секрет кој може да ги блокира дишните канали и да предизвика рчење.

Намалете ја телесната тежина

Факт е дека покрупните луѓе имаат повеќе проблеми со рчењето. Намалувањето на килограмите е добро за вашето здравје, ќе го ослободи движењето на воздухот, полесно ќе дишете, а со тоа ќе имате и подобар сон.

Мед

Една лажичка мед пред спиење е многу здрава за вашето грло и слузокожа, а воедно може да ви помогне кај проблемите со дишење, кашлање, но и рчење.

Спијте на страна

Спиејќи на грб ги натиснувате дишните канали, а тоа доведува до рчење, додека страничното спиење ги отвора. Исто така, спиењето на гради без перница може да ви го олесни дишењето. Распрашајте се и за анатомските перници кои се посебно дизајнирани против рчење.

Избегнувајте алкохол и лекови

Рчењето можете да го спречите и со избегнување на алкохол и лекови за смирување. Иако и од двете состојки можете лесно да спиете, тие ги ослободуваат мускулите на грлото, а тоа исто така може да доведе до рчење.

Стручна помош

Доколку не ви помогне ниту еден од овие трикови, пробајте ги фластерите против рчење, кои се делотворни и многу едноставни за употреба. Доколку не ви успеат ниту овие алтернативи, ви преостанува да се обратите кај стручно лице.