Овие кратки и едноставни диети се многу лесни за практикување бидејќи не ве заробуваат во кујната и дневното мени на секоја од нив е многу едноставно за приготвување.
Карактеристично е што го намалуваат обемот на критичните места особено масните наслаги на стомакот и бедрата како што кажува и самото име на овие диети кои доколку храбро ги издржите до крај слободно ќе можете да уживате носејќи го вашето омилено мини здолниште или куси панталони.
Одличен избор се и доколку постојано сте отсутни од домот бидејќи свежо овошје може да купите во најбликиот „зелен маркет“ или во најблискиот кафе бар каде во овој период се служат и свежи овошни купови.
Шок диета со грозје
Се јаде само зрело грозје и тоа еден до два килограми дневно. Диетата може да се држи најмногу една недела.
Шок диета со јаболки
Се јадат само јаболки. Единствена варијанта: јаболките може да се’ сварени, но без шеќер и заедно со лушпата.
Шок диета со млеко и овошје
Се пие еден литар млеко дневно и се јаде 700 грама овошје. Диетата можете да си ја дозволите два дена во една седмица во период од неколку седмици.
Со овие драстични диети може да се загуби и до 3 килограми за три дена.
Постојано со вас носете неколку овошки во вашата чанта додека сте на некоја од овие диети и постојано „грицкајте“ од вкусните и здрави овошки.