6 домашни рецепти против артритис и ревматските болки во зглобовите

Артритис е воспаление на еден или повеќе зглобови, а се манифестира со болка и оток на зафатениот зглоб. И покрај тоа што постојат повеќе од сто видови на заболувања под името артритис, во праксата се покажа дека во позадината на болката и отокот на зглобот најчесто се кријат ревматскиот артритис, гихт и остео артритис, но, не смееме да го занемариме и фактот дека во заднина може да постојат и некои други многу посериозни болести.

Поаѓајќи од тоа дека причинителите за артритис се многубројни, веднаш штом ќе се појават симптомите за истиот треба да се посети лекар, кој после конкретната дијагноза ќе ги открие причините за болеста и ќе одреди соодветна терапија.

Меѓутоа, помош можете да најдете и во природата:

1. Чудотворен сок од компир

Сокот од компир ја врзува уринарната киселина, затоа се советува употреба на свежо цеден сок од еден компир со средна големина во текот на денот, односно наутро пред појадок. За да го подобрите вкусот може да го измешате со сок од лимон или супа.

2. Сок од ротквици

Свежо исцедениот сок од ротквици може значително да ги ублажи болките во зглобовите, а се зема три пати на ден по една лажица.

3. Јадете леќа

Оваа житарка  содржи рутин и аскорутин, супстанции кои имаат лековито дејство за многу болести вклучувајќи го и артритисот. Леќата го намалува крвниот притисок и маснотиите во крвта, ја подобрува работата на бубрезите, а им се препорачува и на дијабетичарите. Секој би требало во свето мени на јадења да ја вброи и кашата од леќа.

4. Чај од кора од врба

Овој чај содржи салицилна киселина која ги намалува болките и воспаленијата.Чај: три дела сушена кора од врба, два дела сладок корен, еден дел изгмечен лук, сето тоа да се прелие со зовриена вода и да се остави да стои 15 минути. Потоа да се исцеди и олади, па да се додаде сокот од лимон. Салицилна киселина има и во сувите сливи, ананас, грозје, рибизли, кајсии, бадеми, тиквици, пиперки, маслинки, киселата зелка, куркумата…

5. Кантарион и мајчина душичка

Две лажички мешавина од овие тревки прелијте ги со пола литар зовриена вода, поклопете ги и оставете да стојат десет минути. Процедете и пијте во голтки во текот на денот.

6. Мед и цимет за масажа

Измешајте една лажица мед и две лажици млака вода, а потоа додадете малку цимет. Направете мазна смеса и потоа масирајте ги зглобовите.