Сигурно веќе сте слушнале дека во љубовта спротивностите се привлекуваат, но најновите истражувања го потврдуваат тоа што одамна сите го знаат, дека ова тврдење сепак не е вистина.
Клучот на долговечноста и среќата на љубовните врски се крие токму во сличностите. Во ред, и спротивностите на почеток можат и тоа како да се привлечат, но речиси немаат можност да опстанат.
Во новото истражување анализирани се обрасци кои влијаат на успехот на љубовните врски, а учествуваа повеќе илјади парови. Јасно е воочено дека поголем успех имале паровите кои имале слични интереси. За разлика од нив, паровите кои имале спротивни интереси често не се согласувале, а тоа секако влијаело на квалитетот на нивната врска.
Како што истакнуваат експертите, спротивностите на почетокот може да бидат многу привлечни, бидејќи се предизвикувачки, но долгорочно се извор на проблеми и таквите врски тешко можат да опстанат.