Секој маж сака да има моќно и стабилно либидо, а ерективната дисфункција за припадниците на посилниот пол претставува вистинска ноќна мора. Токму поради тоа, тие се спремни да посегнат по било какво средство кое дополнително ќе ги стимулира и ќе им овозможи долготрајна ерекција.
Наместо да употребувате хемиски производи , секогаш е подобро да употребувате природни производи, кои се многу побезбедни, но и поевтини, а ефектот е ист.
Треба да имате на ум дека либидото, ерекцијата и потенцијата се условени од повеќе фактори- влијание на стрес, состојбата на крвотокот и ендокрините жлезди, особено сексуалните и психичката стабилност.
Секој маж е различен, така што афродизијаците и препаратите за сексуална потенција не делуваат кај секого исто.
Афродизијаци од кујната
Уште одамна е познато дека одредени производи, покрај закрепнувачко имаат и дејство на афродизијак, благодарение пред се на витаминот А, витамините од групата Б, Ц, Е, цинкот, јодот, јаглените хидрати, состојки кои го стимулираат сексуалниот нагон и создаваат предуслови за опуштен и успешен љубовен чин.
Јаткасто овошје: лешници, ореви, кикирики, бадеми, ф’стаци, индиски ореви и семки од тиква .
Месо : коњско, од дивеч, кулен и бел бубрег.
Риба и морски плодови : лосос, скуша, школки, остриги и кавијар.
Печурки : тартуфи и кордицепс (кинеска гасеница -габа).
Овошје : банани, авокадо, јагоди, смокви, калинки, праски и кајсии.
Зеленчук : лут пипер, целер, рен, кромид, лук, марула, аспарагус, анасон, феферони, моркови , магданос, цикорија, рукола и ротквици.
Здрави животни навики
Бидејќи нездравиот начин на живот негативно влијае на циркулацијата на крвта и ендокрините жлезди, потребно е да стекнете некои нови навики:
– Чест престој во природа и утринска гимнастика.
– Намалување на вишокот на килограми.
– Секое утро и вечер да изедете по една лажица од оваа смеса: изрендајте свеж корен од ѓумбир, додадете мед, малку босилек и мелени ореви.
-Најмалку еднаш дневно да испиете по еден чај за потенција.