Шеќерен пилинг за подмладување на кожата

Вашата кожа ќе ви биде благодарна доколку и направите пилинг кој ќе ја подмлади. Покрај тоа овој пилинг ја поттикнува циркулацијата.

Пире од тиква и цимет во комбинација со кафеавиот шеќер ќе биде вистински мирисен мелем во кој ќе ужива Вашето тело и сите сетила.

Измешајте пола филџан пире од тиква со иста количина кафеав шеќер. Додадете ¼ лажица мелен цимет па добро измешајте. Смесата лесно втријте ја на телото а потоа измијте се.