Хипотензија и хипертензија можат да се контролираат на природен начин. Хипертензивните пациенти треба да внесуваат доволно калиум и растителни влакна, а хипотензичарите повеќе течност
Поради затоплување и спарното време многу почести се неочекуваните промени на крвниот притисок. Варијациите во барометарскиот притисок кај кардиоваскуларните пациенти предизвикуваат благи скокови на крвниот притисок, кои редовната терапија не може да “ги издржи”. Хипотензичарите, пак, имаат и други проблеми : покачениот атмосферски притисок влијае на намалување на крвниот притисок, па ненадејните падови на притисокот влијаат и на здравите луѓе.
Во многу случаи, со користење на едноставни и лесно достапни природни лекови, и високиот и нискиот притисок можат да се контролираат и со минимални симптоми. Првиот совет за овие пациенти е да се придржуваат до препишаната терапија, а за алтернативните, природни начини за регулирање на притисокот, секогаш треба да се консултирате со лекар.
Како да ја спречите хипертензијата
– Намалете ја употребата на сол на еден до два грама на ден. При готвење, освен воздржувањето од сол треба да обрнете внимание за да се зачуваат минералите во храната.
– Еднаш или двапати неделно треба да јадете ориз со овошје. Овој тип на исхрана придонесува за подобро исфрлање на течности од телото.
Рецепт : една шолја кафеав ориз измијте го со ладна вода. Истурете една и пол чаша вода и оставете да зоврие. Намалете ја температурата и околу 20 минути варете на мала температура. Исечете 200 грама овошје на средни парчиња (јаболка или круши), додадете ги на оризот, со малку лимон и гответе уште 15 минути. Од ваков рецепт ќе добиете четири порции.
– Нормализирањето на телесната тежина би требало да постигнете со леснотија. Брзото губење на тежината може да биде стресно (што го зголемува крвниот притисок).
– Како мерка за секојдневна физикална терапија треба да правите наизменични купки на долните екстремитети, топли купки со постепено зголемување на температурата. Лековит е и престојот на средно високите планини.
– Одредени лекови за притисок предизвикуваат недостиг на калиум, бидејќи тие ги поттикнуваат бубрезите за зајакнато исфрлање на течностите. Ова може да се спречи со консумирање на овошје (грејпфрут, портокали, банани и суво овошје). Од зеленчукот од помош може да бидат пиперката, магдоносот, копривата, целерот, морковите, тиквата, компирот, спанаќот и блитвата.
– Неодамнешните студии покажаа дека доматите помагаат во лекување на високиот крвен притисок. Тоа важи и за сок од домати, па дури и кечап, но треба да се обрне внимание на количината на солта во нив што може да ги уништи корисните ефекти на доматите. Се препорачува доматот да ви биде составен дел од менито неколку пати во неделата.
– Внесувањето на влакна може да ја намали хипертензијата. Препорачливо е во исхраната да вклучите храна од три производи од цели житарки дневно и да се ограничат или да се избегнува храна од рафинирано брашно.
– Целосно масни млечни производи како што е путерот, павлаката и сирењето, заменете ги со млечни производи со ниска масленост или без масленост.
– Јадете повеќе храна богата со протеини, како што се посно месо, живина и морска храна. Рибата која содржи омега-3 масни киселини е особено корисна во намалување на високиот крвен притисок.
– И со помош на билките може да се намали крвниот притисок : лук, кромид и бел глог. За намалување на крвниот притисок, исто така, може да користите ѓумбир, целер и цимет во свежа форма.
Што помага кај хипотензијата?
Иако нискиот крвен притисок не е толку штетен за здравјето во споредба со високиот крвен притисок, тој може да се манифестира во многу негативни симптоми. Во случаи на исклучително намален крвен притисок во текот на подолг временски период може да дојде и до трајно оштетување на виталните органи – срцето или бубрезите. Нискиот притисок има тенденција во подоцнежните години во животот да се развие во хипертензија и затоа треба да се избегнува агресивна терапија. Еве некои природни лекови :
– Рузмарин. Во народната медицина, чајот од рузмарин е веројатно најпознатиот природен лек за подигање на низок крвен притисок.
– Цвекло. Една чаша свеж сок од цвекло на ден за една недела може значително да ги намали симптомите на низок притисок.
– Глог. Многу корисна билка за регулирање на крвниот притисок (како хипотензија, така и хипертензија).
– Женшен. Исто така има позитивен ефект во случај на нарушен крвен притисок.
– Кафе. Го зголемува крвниот притисок, а во текот на денот слободни испијте една шолја кафе, доколку не ви пречи кофеинот.
– Вода. Во борба против хипотензија многу е важно да пиете што повеќе вода за да ја зголеми количината на крвта во крвните садови.
– Сол. Јадете нешто посолена храна, бидејќи солта ја врзува водата во телото.
– Витамин Ц, витамини од групата Б и протеините имаат корисен ефект во превенција и лечење на нискиот крвен притисок.