Како сами да го исчистите овошјето и зеленчукот од пестициди

Еден од главните проблеми во консумирање на овошјето и зеленчукот е чистењето на површината од нечистотија, хемикалии, прашина и други супстанци кои се лепат на неговата површина. Само миење со вода пред употреба , често не е доволно. Ова особено се однесува на овошје кое е тешко да се измие поединечно како што се: грозје, јагоди, боровинки, и др.

Ќе ви кажеме ефикасно и едноставно решение за овој проблем.

Земете голем сад и наполнете го со вода. Во водата, додадете оцет (по можност јаболков) во сооднос од најмалку 1:10 (5 литри вода пола литар  оцет). Добро промешајте ги водата и оцетот и ставете го овошјето и зеленчукот внатре. Водата треба да биде на собна температура. Ако водата е ладна стоплете ја на собна температура пред постапката.

Оставете го овошјето или зеленчукот во овој раствор 10-15 минути. Сè заедно можете да го промешате неколку пати. По 10-15 минути, извадете го овошјето или зеленчукот и исплакнете го со чиста вода.

Ќе видите колку е валкан растворот по постапката. Сите хемикалии, пестициди, нечистотија и бактерии ќе останат во него. За некои видови на овошје како што се јагодите и други лесно  расипливи овошја, овој метод ќе се го продолжи нивниот век на траење за неколку дена.

Истиот раствор може да се користи два пати во текот на еден ден, по што треба да се истури.

Ако знаете дека се работи за повеќе прскано овошје, зголемете го количеството на оцет во растворот.