Најдобрата домашна маска за природен лифтинг и совршен сјај на вашата уморна кожа. Подготовката е многу едноставна и нема да ви одземе многу време, а ефектот е видлив уште при првиот третман.
Подготовка:
Добро изматете белка од јајце, нанесете ја на лицето и нека делува петнаесетина минути, а потоа измијте го со млака вода и лицето намачкајте го со хидратантна крема. Ефектите од овој третман се видливи по два часа по миењето, но ако ова го повторувате неколку пати неделно, резултатите ќе бидат трајни.