Диета за лица со дијабетес & проблеми со бубрезите

Дијабетесот и проблемите со бубрезите се тесно поврзани, при што присутноста на дијабетесот го зголемува ризикот за бубрежни оштетувања. Поради тоа што овие две болести имаа потреба од специјални диетарни рестрикции, правилната исхрана игра голема улога во менаџирањето на истите.

Придржувањето кон диетата за дијабет овозможува заштитување на функцијата на бубрезите и контрола на шеќерот во крвта. Со тоа, значително се намалува ризикот за појава на сериозни компликации.

Дијабетес и ренална болест 

Националниот институт за бубрези и уролошки болести во САД вели дека дијабетесот е причина за 44% од сите откажувања на бубрезите за минатата година. Дијабетесот ги уништува единиците за филтрирање во бубрезите, што пак резултира со нивна намалена функција. Како што функцијата на бубрезите се намалува, во телото не се одржува нормалниот баланс на течности, електролити, минерали и отпадни производи. Прифаќањето на специјалните диети станува најважен фактор како што оштетувањата на бубрезите прогредираат.

Диета при бубрежна болест

Реналната дијабетска диета ги комбинира принципите на диетата за дијабетес и диетата за реналните (бубрежно болните) пациенти. Реналниот дел од диетата се фокусира кон намалување на оптоварувањето на бубрезите и зачувување на нивните преостанати функции. Таа вклучува рестрикција на внесот на сол, протеини, калиум и фосфор. Дијабетскиот дел од диетата се фокусира на одржувањето на нормалните нивоа на шеќерот во крвта со контролирање на карбохидратите кои што секојдневно се конзумираат.

Забранета храна

Забранета храна во реналната дијабетска диета е онаа храна која што содржи многу карбохидрати или има високо ниво на сол, протеин, калиум или фосфор. Млечните производи содржат високо ниво на фосфор и поради тоа треба да се избегнува конзумацијата на путер, чоколадно млеко, сладолед, сладок јогурт и замрзнати десерти. Избегнувајте конзумирање на инстант корнфлекс, чипс, бел леб, солени крекери.

Пациентите кои што имаат бубрежна болест треба да ја избегнуваат храната со многу протеини како сирење, кашкавал, ореви, лешници, суво овошје, црвено месо и путер. Иако овошјето и зеленчукот содржат многу добри нутритивни состојки, многу од нив содржат и високи нивоа на калиум. Пациентите кои што се на реналната дијабетска диета треба да одбегнуваат банани, брокола, спанаќ, домат, компир.

Дозволена храна

Неколку типови на храна имаат прифатливи нивоа на карбохидрати, протеини и минерали за пациентите кои што се на ренална дијабетска диета. Пациентите треба да го ограничат дневниот внес на холестерол на помалку од 300 мг и дневниот внес на масти на 30% до 35% од вупната доза на дневни калории. Храната и пијалоците кои што се дозволени вклучуваат јајца, пилешко, вода, природни диетални сокови и замени за јајца со низок холестерол. Прифатливи овошја и зеленчук се: зелка, цвекло, црн домат, кељ, целер, краставица, кромид, бабура и ротквица.

Мониторинг

Редовните лабораториски тестови ја определуваат ефективноста на оваа диета и со нив се овозможува да се направат неопходните промени во исхраната. Основниот лабораториски тест ги проверува нивоата на шеќерот во крвта, електролитите и отпадните материи во крвта. Со тоа се овозможува да се види дали двете болести се под контрола. Ако која и да било состојба се влоши, би требало да го ограничите внесувањето на некои типови храна или пак да го ограничите пиењето течности.