Како старееме, старее и нашето тело, нешто што не можеме да го одбегнеме. Неодамнешните истражувања покажале дека сепак постои надеж. Доколку во секојдневната исхрана се вклучи одредена врста храна, може и тоа како да се зголемат шансите за во длабоката старост, мозокот и понатаму да остане млад.
Боровница – некои лекари ја нарекуваат “мозочница”, меѓу нив е и докторот Стивен Прат, автор на книгата “Супер храна: 14 врсти на храна кои на Вам сигурно ќе ви го променат животот”. Тој наведува дека после истражувањата спроведени над животните е откриено дека боровницата ни овозможува заштита на мозокот од оксидационен стрес, како и тоа дека може да ги ублажи ефектите на пореметувањата кои се појавуваат во доцните години, како што се Алцхајмеровата болест или деменцијата. Тоа што покажале истражувањата, исто така е и дека режимите на исхрана во кои изобилува боровницата, многу позитивно дејствува на способноста за учење, помнење и моторика кај стаорците кои се со повеќе години, што ги прави да бидат поблиски до менталниот склоп на младите глувци. Голем број експерти за исхрана советуваат на барем една шоља боровница дневно во било кој облик – свежи, замрзнати или суви боровници.
Лосос – рибите кои што живеат на големи длабочини, како што е лососот, се исклучително богати со омега-3 мастите, кои се доста важни кога станува збор за нормалното функционирање на мозокот. Затоа многу експерти препорачуваат лосос поради “чистота”, а и поради самиот факт дека е лесно достапен. Она што исто така треба да знаете за омега-3 масните киселини е тоа дека тие содржат и честици кои го спречуваат развојот на воспаленија. Меѓу останатите видови риба кои се богати со овие масти се сардината и харингата. Се препорачуваат 2-3 пати неделно (големина на порцијата – 100 гр.).
Јаткаста и семенеста храна – многу е богата со витамин Е, за кој се смета дека го забавува слабеењето на когнитивните функции со стареењето. А доколку во текот на денот додадете уште и 30 гр. ореви, лешници, бразилски орев, бадем, кикиритки, сончоглед, сусам или лен, ќелиите ќе ви бидат повеќе од благодарни.
Авокадо – кога станува збор за одржувањето на мозокот, авокадото се наоѓа на исто ниво со боровницата, наведува Прат. Вистината е дека авокадото е богато со масти, но треба да знаете дека тоа се незаситени масти, кои ја подобруваат цирклулацијата на крвта во телото. Познато е дека добрата циркулација значи и здрав мозок. Исто така, авокадото го намалува и крвниот притисок. Препораката е да се јаде четвртина или половина авокадо со дневниот оброк, како додаток.
Житарки – Овесната каша, интегралниот леб, и интегралниот ориз – го намалуваат ризикот од појава на срцеви заболувања. Препорачливо е за исхрана половина шоља житарки и една кришка интегрален леб 2-3 пати дневно.
Совет
За да го зачувате здравјето и доброто фукнкционирање на мозокот, додадете ги наведените намирници во своето мени и резултатот ќе биде забележителен.