Пудрата за лице штити од сонце

Квалитетните пудри штитат од сонцето како крема со фактор 15, па и повеќе, тврдат познавачите. Пудрата во себе содржи масло и вода, а размерот на состојките е различен во зависност од кожата за која е наменета.

Пудрите за масна кожа скоро и да не содржат масло, додека оние за сува кожа содржат многу повеќе масло од вода. Што повеќе масло има во пудрата поголем е факторот на заштита од сонцето. Летните пудри се специјално наменети за одржување на кожата во текот на летото, за нејзина рехидрација и заштита од силните сончеви зраци. Доколку сте осетливи на сонцето, пожелно е да побарате пудра што има фактор за заштита над 15.

Доколку сакате да бидете нашминкани и на плажа задолжително користете ја течната пудра наменета за лето. Избегнувајте ги темните пудри бидејќи можат да остават темни дамки по лицето. Пудрата мора да биде од природно потекло, да не ги затвора борите и да не ја иритира кожата.