Како да јадеш слатки за да немаш глукозни скокови и вишок килограми?

Можеш ли да замислиш живот без слатки? Веројатно не! Но, дали знаеш дека лошиот избор и прекумерното конзумирање на слатки можат да доведат до нагли глукозни скокови, замор и зголемување на килограмите?

Добрата вест е дека не мора да се откажеш од слатките, туку само да научиш како правилно да ги консумираш. Со умереност, правилни избори и соодветни додатоци во исхраната можеш да го намалиш влијанието на шеќерите и ги зачуваш здравјето и енергијата.

Умереноста е клучот

Секој сака да ужива во слатките, но прекумерното консумирање може да го оптовари организмот со брзо разградувачки шеќери, кои предизвикуваат инсулински пикови. Клучно е да се држиш до мали количини – на пример, неколку коцки темно чоколадо или едно парче овошје. На тој начин ќе ги задоволиш вкусовите без да го нарушиш балансот на шеќерот во крвта.

Јади слатки само по оброк

Ако не можеш да се откажеш од твојата „слатка зависност“, најдобро е да го консумираш слатки по главен оброк. Оброците кои содржат протеини, здрави масти и влакна ја забавуваат апсорпцијата на шеќерите. На пример, ако после оброк со пилешко и зеленчук изедеш едно парче торта, твоето тело ќе го обработи шеќерот многу побавно отколку да го изедеш на празен стомак.

Избирај здрави алтернативи

Не сите слатки се исти. Рафинираните шеќери имаат најголемо влијание врз глукозата во крвта. Наместо нив, пробај да консумираш овошје како јагоди, боровинки или домашни десерти со природни засладувачи како стевија или мед. Природните извори на шеќери не само што се поздрави, туку и го намалуваат ризикот од нагли глукозни скокови.

Вклучи Dr. Viton Berberine во твојата рутина

Без разлика на твоите навики, природните додатоци можат значително да помогнат. Dr. Viton Berberine е совршен сојузник за контрола на глукозата, спречување на инсулински пикови и подобрување на метаболизмот. Овој додаток е одличен избор за оние кои сакаат да уживаат во слатките – одговорно.

Пред да посегнеш по десерт, испиј чаша вода

Често, желбата за благо може да биде резултат на дехидрација. Пред да посегнеш по десерт, испиј чаша вода – можеби тоа е сè што му треба на твоето тело. За дополнителен ефект, додај неколку капки лимон, што ќе ти помогне да ја стабилизираш глукозата.

Балансирај ги оброците

Желбата за слатко често е знак дека ти недостигаат основни хранливи материи. Оброците богати со протеини и влакна ќе го намалат апетитот за благо и ќе го одржат нивото на шеќер стабилно. Започни го денот со јајца и зеленчук наместо пекарски производи и види ја разликата во твојата енергија и желба за слатки.

Уживај одговорно и здраво

Слатките се задоволство што не треба да го избегнуваш – туку да ги дозираш умерено. Со правилно планирање, избор на природни алтернативи и додатоци како Dr. Viton Berberine, можеш да уживаш во твоите омилени десерти без да се грижиш за здравјето.

Животот е за уживање, но и за баланс – направи промена денес и почувствувај ја разликата!

Производот ќе го најдете во аптеките на: Виа Фарм, Виола, Плус Фарма, Галениум, ДНА Анни Фарм, како и сите подобро снабдени аптеки.

Производот може да го нарачате ONLINE со кликнување на копчето КУПИ ВЕДНАШ

Или на телефонскиот број: 02 3218 821 (Секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот)

Производот може да Ви биде доставен на адреса со брза пошта!