Можеби ти недостасува магнезиум, а ти поим немаш!

Како да знаеш дека токму магнезиум му недостасува на твоето тело? Како ќе препознаеш? Кои се симптомите?

Магнезиумот е насекаде! Во секоја клетка, во секој мускул и нерв, во секој метаболитички процес. Магнезиумот е апсолутно неопходен.

Најчесто и наjправилно се внесува преку исхраната. Но, истражувањата покажуваат дека во последниве години, почвата е многу осиромашена со магнезиум, па плодовите не се доволен извор на овој минерал за човековото здравје. Затоа, понекогаш е неопходно магнезиумот да се внесува како додаток на исхраната.

Што се случува кога недостасува магнезиум?!

Телото на еден просечен возрасен човек складира околу 25 гр. магнезиум. Од него, околу 60% оди во коските, 40% во другите клетки, а помалку од 1% останува во крвта.

Кога недостасува магнезиум, телото на почеток не нѐ алармира бидејќи го „позајмува“ магнезиумот складиран во коските и клетките. Продолжува да ги извршува виталните функции додека не ги истроши вишокот ресурси на магнезиум.

Тука некаде се појавуваат симптомите.

Симптомите ретко го откриваат недостатокот од прва

Симптомите се тешки за дијагноза бидејќи станува збор за симптоми кои ги припишуваме на секојдневни фактори. Меѓу првите кои се јавуаат како резултат на недостаток на магнезиум се:

  • Замор
  • Мускулна слабост
  • Намален апетит
  • Гадење

Симптоми кои може да се предвесници на илјадници заболувања, зар не?!

Пошироката листа на симптоми кои дефинитивно треба да алармираат за да провериш дали ти недостасува магнезиум во крвта се следниве:

  • Грчеви во мускулите – вообичаено во текот на ноќта
  • Драстични промени во расположението за краток период
  • Трнење во прстите на рацете и нозете
  • Вкочанетост на прстите на рацете и нозете
  • Несоница
  • Абнормално срцебиење

Кога организмот го „повлекува“ магнезиумот од коските и останатите клетки, на долги стази вообичаено доаѓа до состојби како остеопороза или кардиоваскуларни заболувања.

Како повеќе да не те боли глава дали внесуваш доволно магнезиум?

Magnezan C – бестселер на Dr. Viton со илјадници задоволни корисници на сите возрасти. Од тинејџери кои минуваат многу време пред компјутер, до млади активни луѓе кои вежбаат, до постари лица кај кои често се јавуваат ноќни грчеви во мускулите – сите зборуваат позитивно за своето искуство со Magnezan C!

Зошто?! Бидејќи Magnezan C претставува комбинација на магнезиум цитрат и витамин Ц. Магнезиум цитрат е најбрзо апсорбирачка форма на магнезиум. Со Magnezan C, магнезиумот најбргу стигнува до сите места/процеси каде што овој минерал недостасува, додека витамин Ц го забрзува процесот преку своите антиоксидативни својства.

Производот ќе го најдете во аптеките на: Зегин, Еурофарм, Виа Фарм, Виола, Плус Фарма, Галениум, Бети, Роса Вита, Алпи Фарм, Вивалек, ДНА Анни Фарм, dm и Cosmo – Tinex, како и сите подобро снабдени аптеки.

Или нарачајте ONLINE со кликнување на линкот

https://alfalab.mk/proizvodi/magnezan-c/

Може да го нарачате и на телефонскиот број: 02 3218 821

(Секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот)

Производот може да Ви биде доставен на адреса со брза пошта!