Како карантинот за време на коронавирусот ти го уништи црниот дроб?

Коронавирусот го сопре светот за момент. Бевме заклучени во карантини со недели и месеци, животот и работата ги ставивме на пауза и чекавме да видиме како ќе продолжи светот понатаму.

Ги сменивме навиките во исхраната и пазарувањето, готвевме повеќе домашна храна, ги изгледавме сите филмови и серии. А според едно недамнешно истражување на САД, утехата од корона кризата сѐ повеќе ја давевме во алкохол.

Објавено во списанието Hepatology, истражувањето на болница од Масачусетс вели дека стапката на заболувања на црниот дроб и смртни случаи поврзани со црниот дроб ќе се зголеми во наредните години, благодарение на консумацијата на алкохол за време на карантините.

Бројките, коронавирусот и алкохолот

Пиењето значителни количини алкохол се зголемило за 21% за време на пандемијата со КОВИД-19, а според истражувачите, оние кои уживаат некоја чашка 5 -10 плус во карантинот, треба добро да се позанимаваат со својот црн дроб.

Статистиките покажуваат дека покачената консумација на алкохол за само една година со Ковид 19, ќе резултира со дополнителни 8000 смртни случаи како резултат на замастување на црн дроб од алкохол, 18.700 случаи на откажување на црниот дроб и 1000 случаи на канцерогено заболување на црниот дроб до 2040 година.

Во кратки црти, до 2023 година, ќе има 100 смртни случаи предизвикани од замастување на црниот дроб од алкохол и 2.800 случаи на откажување на црниот дроб.

Коронавирусот и онака го уништува црниот дроб

На црниот дроб не му е потребно дополнително толчење со алкохол за време на пандемијата, кога самиот коронавирус предизвикува оштетување на црниот дроб. Освен тоа, јаката терапија со лекови која се препишува за корона вирусот, значително му прави штета на црниот дроб.

Па, ако сте од оние кои за време на пандемијата имаа чести дружби со алкохолот, можеби е најпаметно да го заштите црниот дроб на природен начин.

Liver Detox е препарат со бел трн, корен од глуварче, артичока, холин, шисандра и уште 7 други состојки, кои имаат својство да го регенерираат ткивото на црниот дроб и да ја подобрат неговата функција.

Dr. Viton – Liver Detox можеш да го купиш во аптеките на  Еурофарм, Зегин, Виола, Плус Фарма, Галениум, Бети во DM-дрогерии и Cosmo – Tinex и сите подобро снабдени аптеки.

Dr. Viton – Liver Detox можеш да го нарачаш онлајн на  https://alfalab.mk/proizvodi/liver-detox/

Или на телефонскиот број: 02 3218 821 (Секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот ) и ќе ти го доставиме на твојата домашна адреса со брза пошта.