Дали јајцата се лоши за твојот покачен холестерол? Дали е возможно да го согориш холестеролот со вежбање? Дали целосно треба да ги исклучиш мастите од исхраната за да го намалиш холестеролот?
Не си единствен со овие дилеми во главата!
Третина од луѓето се збунети и не знаат да прават разлика помеѓу добри и лоши масти.
Ајде да ги расчистиме овие дилеми еднаш засекогаш.
Мастите што ги јадеш влијаат на нивото на ЛДЛ (лошиот) холестерол. Но, не сите!
Знаејќи кои масти го зголемуваат ЛДЛ холестеролот, а кои не, може да ти помогне да го намалиш ризикот од срцеви заболувања и мозочен удар.
Масти што треба да ги избегнуваш
Твоето тело природно го произведува целиот ЛДЛ холестерол што ти е потребен. Јадењето храна која содржи заситени и транс масти предизвикува твоето тело да произведува уште повеќе ЛДЛ, а тоа е штетно!
Заситени масти
Заситените масти се молекули на масти кои се „заситени“ со молекули на водород, по природа цврсти на собна температура.
Заситените масти се присутни во голем дел од исхраната, но најмногу во месото и млечните производи.
Говедско, јагнешко, свинско, пилешко (кога е вклучена кожата), скоро сите типови месо содржат заситени масти. Путерот, павлаката, сирењето на база на полномасно млеко исто така изобилуваат со заситени масти.
Храната од растително потекло која изобилува со заситени масти вклучува кокос, кокосово масло, какао путер и палмино масло.
Ако имаш покачен холестерол, тогаш заситените масти во твојата исхрана треба да учествуваат со помалку од 6% во вкупниот дневен внес на калории. На пример, ако во денот внесуваш околу 2.000 калории, околу 11 до 13 грама треба да бидат заситени масти.
Транс Масти
Транс мастите (или транс масни киселини) се создаваат во индустриски процес кој подразбира додавање водород во течните растителни масла за да ги направи поцврсти.
Транс мастите го покачуваат нивото на лошиот ЛДЛ холестерол, а го снижуваат нивото на добриот ХДЛ холестерол. Овие промени значат поголем ризик од срцево заболување.
Транс мастите се среќаваат во голем дел од пржената храна. Печивата како колач, тесто за пица, кора за пити, колачиња и крекери, исто така содржат транс масти.
Според регулативите, транс мастите треба да се наведени на етикетата на производот и тоа не во секцијата „Вкупно масти“ туку посебно како количина на транс масти во порција.
Луѓето кои имаат покачен холестерол во крвта треба да ги исфрлат транс мастите од исхраната!
Масти што не треба да ги избегнуваш
Незаситени масти
Незаситените масти се делат на мононезаститени и полинезаситени. Мононезаситените масти имаат една (моно) незаситена јаглеродна врска во молекулата. Полинезаситените масти имаат повеќе од една незаситени јаглеродни врски. Најчесто двата типа незаситени масти се течни на собна температура.
Кога се консумираат во ограничени количини, двата вида незаситени масти може да го подобрат нивото на холестерол во крвта, но само ако ги исклучиш заситените и транс мастите.
Незаситените масти ги има во рибата како лосос, пастрмка, харинга и храната од растително потекло како авокадо, маслинки, ореви. Течните растителни масла како соја, пченка, шафран, канола, маслиново и сончогледово масло, исто така содржат заситени масти.
Дилемата е решена!
Да, смееш да јадеш јајца со покачен холестерол?
Еве зошто: околу 9% од составот на јајцето го сочинуваат масти.
Поголемиот дел од вкупната количина масни киселини во јајцето се мононезаситени (скоро 38%). Дополнителни 16% се полинезаситени масти, додека само 28% се заситени.
Јајце со средна големина содржи 177 мг холестерол што е скоро 12% помалку во однос на холестеролот што го содржеле јајцата пред 20 години. Скоро цела количина холестерол ја содржи жолчката, па ако ти е страв, можеш да ги јадеш само белките.
Според препораките, вкупниот внес на холестерол во денот треба да изнесува 300 мг, што значи 1 јајце во денот е сосем прифатливо. Секако, ако остатокот од храната не содржи холестерол!
Dr. Viton – Holesterid можеш да го купиш во аптеките на Еурофарм, Зегин, Виола, Плус Фарма, Галениум, Бети во DM-дрогерии и Cosmo – Tinex и сите подобро снабдени аптеки.
Dr. Viton – Holesterid можеш да го нарачаш онлајн на
https://alfalab.mk/proizvodi/dr-viton-holesterid/
Или на телефонскиот број: 02 3218 821 (Секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот ) и ќе ти го доставиме на твојата домашна адреса со брза пошта.